Рама: Албанија очекува да ги заврши преговорите за членство во ЕУ во 2027 година

April 14, 2025
1 min read

Решени сме да ги исполниме сите обврски и да ги завршиме преговорите за влез во ЕУ во 2027 година, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама по средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Брисел.

-Денеска е добар ден, отвораме нови преговарачки поглавја, истакна тој. Ова е исклучително важно во моментов, охрабрен сум од овие случувања, додаде Рама.

Тој му се заблагодари на Кошта за мудроста со која се однесува кон својата земја и регионот.

-Проширувањето со земјите од Западен Балкан е јасна задача за ЕУ, тоа е најважната геополитичка инвестиција во мирот, напредокот и стабилноста на континентот, рече Кошта. Тој додаде дека се чувствува охрабрен од напредокот што Албанија го постигна на овој пат. Нашата цел е да отвориме повеќе преговарачки поглавја со Тирана оваа година, имаме јасен распоред и сакаме да напредуваме. Ова е важно за Албанија и е знак за целиот регион, посочи претседателот на Европскиот совет.

Тој најави дека кон средината на мај ќе ги посети сите шест земји од Западен Балкан. Според него, на денешните разговори со Рама ќе се разговара за подготовките за претстојниот состанок на Европската политичка заедница на 16 мај во Тирана.

-Европа е повеќе од ЕУ, важно е да бидеме обединети, така сме посилни. На светот му треба посилна Европа, резимира Кошта.

Подоцна денеска во Луксембург, каде се состануваат министрите за надворешни работи на ЕУ, е закажана четвртата меѓувладина конференција со Албанија. Тирана започна суштински преговори со ЕУ во октомври минатата година. Денеска е предвидено да започнат преговорите во областа на внатрешниот пазар, која ги опфаќа слободното движење на стоки, работници и капитал, правото на основање и слободата на давање услуги, правото на трговски друштва и правото на интелектуална сопственост, политиката за конкуренција, финансиските услуги и заштитата на потрошувачите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Си: Нема победници во трговската војна

Следно

СДСМ прашува гласно и јасно: Зошто никој од актуелните полициски раководители не е предмет на истрага?

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop