27 години талка по судовите – тврди дека државата му го узурпирала земјиштето

April 13, 2025
1 min read

Ова е Емин Емини од кичевското село Другово. Вели дека ова земјиште од 824м2 е негов имот и дека му е узурпиран. Тука е изградена спортска сала и една училница од основно училиште.

„Тие го одзедоа земјиштето и го асфалтираа, без решение за узурпација и по судовите сум 27 години уште од 1998. Ми го узурпираа земјиштето, одзедоа 824м2“, вели Емин Емини.

Според него, решението за градба е добиено без одобрение и знаење на семејството Емини.

„Во 1980 кога извадив елаборат излезе дека влегле тука со салата и училницата. Ние не сме знаеле дека го одзеле. Со салата влегле 64м2 во мое земјиште, кој знаел тогаш, не сме имале потреба да мериме“, додава Емини.

Емини 27 години талка по судовите. Предметот бил и судот во Гостивар но од таму му рекле дека е неоснован. Во ноември се чека уште една судска одлука од судот во Кичево.

„Ние не можеме да ги урнеме салата или училницата, туку да се договориме да ни дадат друго земјиште или пари. Не можеш да се договориш со овие крадци. Да ви кажам право, немаме држава, нема правда, да знаеш“, вели Емини.

Емини вели дека нема да се предаде, правда ќе бара и во судот во Стразбур. ТВ21 праша во судот во Кичево за овој предмет, но до сега нема одговор.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кичево се гуши во смрдеа – граѓаните на протест против дивата депонија што им „никна“ среде град

Следно

Синот на Анчелоти даде објаснување за ужасниот старт на Мбапе

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop