Кичево се гуши во смрдеа – граѓаните на протест против дивата депонија што им „никна“ среде град

April 13, 2025
1 min read

Еколошка катастрофа му се заканува на Кичево затоа што дива депонија „никна“ среде градот. Граѓаните денеска излегоа на протест од каде се пожалија дека кога сметот ќе биде запален се шири неподнослива смрдеа, се појавувале глувци и депонијата претставува опасност од заразни болести.

Кичево се гуши во смрдеа – граѓаните на протест против дивата депонија што им „никна“ среде град
Локалната власт како што истакнаа, не направила ништо за да го санира проблемот. Им ветувале дека депонијата е привремено решение и дека ќе се направи нова, што до денеска се нема случено. Во меѓувреме купиштата ѓубре се таложат и стануваат уште поголема закана за благосостојбата на кичевчани.

Тие му упатија ултиматум на градоначалникот да ја дислоцира депонијата или ќе се соочи со големи протести. Отпадот бараат да се отстрани и да се изгради депонија по европски стандарди.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поскапувања пред Велигден

Следно

27 години талка по судовите – тврди дека државата му го узурпирала земјиштето

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop