Поскапувања пред Велигден

April 13, 2025
1 min read

Пред Велигденските празници, уништени 1 тон и 230 килограми небезбедна храна – Агенцијата за храна и ветеринарство со засилени контроли што се пласира на пазарот во шпицот на празничната потрошувачка на храна. Месото и преработките од месо, се покажале најризични. 

 

– Во рамки на спроведените 350 надзори на операторите со цел спречување на пласирање на небезбедна храна и нелегална трговија со јајца, бои за јајца, како небезбедни уништени се 1230 килограми различни видови производи, најмногу месо, преработки и подготовки од месо, но и јајца, бои, мед, ракија, маслиново масло и други призводи.

Во истовреме, граѓаните веќе се подготвуваат за најголемиот Христијански празник, но за некои, пресметките колку ќе ги чини семејната Велигденска трпеза, не носи празничен дух и весела атмосфера. 

Просечно, килограм свежо јагнешко месо, без кое не може да помине Велигден, ќе ги чини граѓаните 500 до 600 денари, табла јајца од 250 денари, а килограм компири 50 до 70 денари. 

 

Просечни цени на основни прехранбени производи за Велигден

Килограм свежо јагнешко месо 500 –  600 денари. 

Табла јајца – од 250 денари. 

Килограм компири 50 до 70  денари 

Килограм краставици 100  до 130денари

Килограм домати 100 денари 

Зелка 50 денари

Млад кромид 40 денари 

Марула 30 денари 

 

Сепак, според последните податоци од Државниот завод за статистика, инфлацијата во март 2025 година споредено со минатиот месец, се намалила за -1,3%, како резултат на намалувањето на трошоците за живот во неколку категории во кои е и храната и безалкохолните пијалоци.  

Министерството за економија тврди дека цените на основните прехранбени производи се намалуваат, а до 30 април важи мерката на Владата за ограничување на бруто-профитната маржа на 102 групи на основни прехранбени производи, како и замрзнати цени на 8 групи на основни прехранбени производи. 

Ограничување на бруто-профитна маржа до 30.04.20255% бруто профитна маржа на основите 8 прехранбени производи: млеко,леб, брашно (тип 400 и тип 500), јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко;

10% бруто профитна маржа на прехранбени производи месо и преработки од месо, шеќер,млечни производи, маргарин, путер, конзервирани зеленчук и овошје, грав, ориз, тестенини;

15% бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигена: свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго.

Замрзнати цени на 8 групи основни прехранбени производи: млеко,леб, брашно (тип 400 и тип 500), јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов проблем за Реал Мадрид: Мбапе доби црвен картон против Алавес (ВИДЕО)

Следно

Кичево се гуши во смрдеа – граѓаните на протест против дивата депонија што им „никна“ среде град

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop