Нов проблем за Реал Мадрид: Мбапе доби црвен картон против Алавес (ВИДЕО)

April 13, 2025
1 min read

Недисциплината на клучните фудбалери е еден од најголемите проблеми на Реал Мадрид сезонава, тренд што продолжи и со денешниот црвен картон што го доби Килијан Мбапе на гостувањето против Алавес.

По исклучувањата на Винисиус и на Белингем во претходниот дел од сезоната, овојпат Мбапе беше играчот што предвреме мораше да се упати кон соблекувалната, и тоа за старт на средината од теренот.

Намера се чини немаше, но Французинот крајно неспретно ја удри ногата на противникот… главниот судија најпрвин покажа жолт картон, но по ВАР-реакцијата повторно ја погледна ситуацијата и реши да го исклучи најдобриот стрелец на Реал Мадрид оваа сезона.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќерката на израелска министерка ги обвини родителите и братот дека сексуално ја злоставувале

Следно

Поскапувања пред Велигден

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop