Реакции на советници во битолскиот совет: Комунално претпријатие должи милион евра, а склучува договор од 60 илјади евра за храна за кучиња

April 10, 2025
1 min read
60 илјади евра за храна за кучиња.Ова е набавка на битолското комунално претпријатие кое инаку е во долгови од 1 милион евра.Договорот, објавен на страницата за јавни набавки на Министерството за финанси, е склучен во септември 2024 и има важност од една година.
 
Со што ги храните кучињата, со аспарагус, манго или папаја па е толку висока сумата праша советникот Иван Чулакоски од иницијативата “Поинаку”.
 
Но,  списокот на набавките не запрел кај кучињата, битолски Комуналец нарачал и принтер од над 4 илјади евра а 12илјади евра одат за репарирање на четка метларка.
 
Градоначлникот Тони Коњановски пак е на ставот дека со штедење нема развој,вели општината не е штедилница па да ги чува парите на банка и ги повика советниците ако имаат сознание за криминално работење на петпријаијата да ги пријават до истражните органи.
 
Според директорот на “Комуналец” Горан Степановски бројките се погрешни и манипулативни. Од сумата за кучињата досега биле потрошени само 100.000 денари.
 
Инаку „Комуналец“ е едно од петте битолски јавни претпријатија кои забележаа загуба во работењето од вкупно 2,4 милиони евра. Најголема загуба има „Водовод“ со над 987.000 евра на второ место е „Комуналец“ со 955.000 евра, трета е Нискоградба 340.000 евра, „Паркинзи“ 52.000 евра и на крај „Пазари“ со 45.000 евра.
 
 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алкарас го освои поенот на година, па го разнесе Алтмајер во Монте Карло (ВИДЕО)

Следно

Во Истанбул американско-руски преговори

Latest from Blog

Русите му веруваат на Путин

Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9

475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите

Азески со дипломатите во Дебар: Рударството мора да се развива со современи технологии и поголема безбедност

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, заедно со дел од дипломатскиот кор и бизнисмени од регионот, престојуваше во Дебар, каде што беа реализирани повеќе активности посветени на унапредувањето на
Go toTop