Туркије: Сонот на девојка со Даунов синдром да стане полицаец се оствари на еден ден

April 10, 2025
1 min read

На еден ден се оствари сонот на 18-годишната Инзиле Четинташ, од Јенишехир, во турската област Мерсин, која има Даунов синдром, да стане полицаец, известува Анадолу.

Инзиле, ученичка во Училиштето за специјално образование „Хусеин Полат“, го сподели својот сон дека сака да биде полицаец со тимот на полицискиот Оддел за поддршка на заедницата, кој го посети училиштето.

Екипите прејдоа во акција врз основа на ова барање и ја изненадија Инзиле посетувајќи ја во нејзиниот дом во рамките на 180-годишнината на турската полиција и неделата на полицијата.

Полицијата потоа ја зела Инзиле Четинташ во службеното возило и ја однела во полициската станица „Шехит Рамазан Јилмаз“, каде што на девојчето со Даунов синдром ѝ подариле полициска униформа и капа.

Во просториите на полицијата, Инзиле преку радиостаница ја честиташе прославата на 180-годишнината на турската полиција и неделата на полицијата, а подоцна, заедно со полициските тимови направи обиколка на градот.

Мајката Семра Четинташ за новинарите изјави дека нејзината ќерка била пресреќна од изненадувањето што ѝ го направиле полициските екипи.

Заблагодарувајќи ѝ се на Полициската управа, г-ѓа Четинташ рече:

„Не очекувавме вакво нешто, тоа беше изненадување за нас. Многу сме среќни. Се гордееме со нашите полицајци. Господ да ги чува.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ во завршна фаза од постапката за имплементација на ВАР системот во македонскиот фудбал

Следно

Цивил ја објави публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права: Глобален патоказ против војната, национализмот и авторитаризмот“

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop