Цивил ја објави публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права: Глобален патоказ против војната, национализмот и авторитаризмот“

April 10, 2025
1 min read

Публикацијата на 200 страници содржи смели препораки за политики, анализи и повик за акција за демократска отпорност на глобално ниво.

Клучната публикација Одбрана на демократијата и човековите права – Извештај и препораки за политики сега е достапна онлајн. Овој извештај од 200 страници е еден од најважните резултати од Меѓународната конференција Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам, одржана во Скопје на 11 и 12 декември 2024 година, и го отсликува повеќемесечниот ангажман на меѓународната иницијатива Одбрана на демократијата, формирана по конференцијата.

Публикацијата е достапна и онлајн и во печатена форма, и е структурирана во три дела:

  • Препораки за политики – Овој суштински дел од 60 страници е поделен во десет тематски области. Секоја тема вклучува: Контекст, Препораки за политики и Конкретни чекори, мерки и активности. Овие препораки се задолжително четиво за политички, општествени и академски лидери – како и за оние кои се стремат да придонесат кон промени во своите области.
  • Глобални гласови – Во ова поглавје се презентирани главните говори на истакнати учесници од цела Европа и САД. Нивните презентации и анализи беа од суштинско значење за формирање на рамката на препораките и за поттикнување на создавањето на меѓународната иницијатива Одбрана на демократијата.
  • Извештај за активностите – Детален преглед на агендата на конференцијата и поврзаните активности, вклучувајќи работилници, прес-конференција и средби за вмрежување. Овој дел вклучува и презентација на изложбата Одбрана на демократијата: 25 години ЦИВИЛ, како и линкови за понатамошно истражување и вклучување.

Публикацијата е достапна во формат едноставен за читање и преземање, објавена на повеќе платформи, меѓу кои Media Dialogue(Германија), Defending Democracy, CIVIL MEDIA, Civil.Todayи други. Сета содржина е достапна според лиценцата Creative Commons 4.0 International, што овозможува слободен пристап и споделување. Освен дигиталната верзија, достапен е и ограничен број печатени примероци.

Публикацијата ќе биде дистрибуирана до клучни институции, креатори на политики и одлуки, како и до партнери ширум светот, со цел да се информираат национални и глобални стратегии за јакнење на демократското управување и заштитата на човековите права во време на растечки авторитарни закани.

Проектот е поддржан од Владата на Северна Рајна-Вестфалија. Имплементирачки партнери и коосновачи на Иницијативата за одбрана на демократијата се: Youth4Media и Media Dialogue од Германија, ЦИВИЛ – Центар за слобода од Северна Македонија и New European People’s Forum од Брисел.

Иницијатива Одбрана на демократијата

Досега, публикацијата е достапна на следниве линкови:

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Сонот на девојка со Даунов синдром да стане полицаец се оствари на еден ден

Следно

ШЕСТ РЕЖИСЕРКИ ВО ТРКАТА ЗА ЗЛАТНА ПАЛМА ВО КАН

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop