Трамп најави дека ќе воведе царина на увозот на фармацевтските производи во САД

April 9, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе воведе голема царина на фармацевтските производи, со цел производството на лекови повторно да се врати во САД, јавува Анадолу.

„Многу брзо ќе воведеме голема царина на фармацевтските производи“, изјави Трамп во своето обраќање на вечерата организирана од Националниот републикански конгресен комитет.

„Откако ќе го направиме тоа, тие ќе се вратат назад во нашата земја, затоа што ние сме голем пазар. Тоа е нашата предност – ние сме најголемиот пазар“, нагласи тој.

Трамп додаде дека производителите на лекови ќе ги напуштат Кина и другите држави бидејќи најголемиот дел од нивните производи се продаваат токму во САД.

Тој ги обвини претходните влади дека ѝ дозволиле на Кина да ги искористува САД преку неправедни трговски практики, ветувајќи дека тоа нема да се повтори под негово раководство.

Трамп ја обвини Кина дека воведува „неоправдани“ царини. Според него, многу земји се збогатиле токму благодарение на царините, но неговите постапки сега наидуваат на неправедна критика.

„Сите се збогатија поради царините. А сега, кога ние го правиме тоа – било многу страшно. Она што Трамп го прави е страшно. Тие се збогатија, и не само Кина. И други земји – погледнете го Виетнам, можам да набројам 50 држави“, изјави Трамп.

Тој соопшти и дека нова царина од 104 отсто на кинеските производи ќе стапи на сила на полноќ и ќе остане во сила сè додека Пекинг не прифати нов трговски договор.

„Мислам дека на крајот ќе склучат договор“, рече Трамп и додаде: „Кина ќе го направи тоа, тие сакаат да склучат договор.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илиевска на седницата на која се разрешени одборите на 5 јавни претпријатија: Со службени коли се пренесувал мебел!

Следно

Кливленд ја освои Источната конференција во НБА

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop