Алкараз: Секогаш велев дека сакам да бидам најдобар во историјата и да седам на иста маса со „големата тројка“

April 9, 2025
1 min read

 Светскиот тенисер број 3, Карлос Алкараз, проговори за своите амбиции.

– Секогаш велев дека би сакал да бидам најдобар во историјата и да седам на иста маса со големата тројка (Ѓоковиќ, Надал, Федерер). Но, не сум опседнат со идејата да бидам тенисер број еден во светот. Бев на врвот на листата пред неколку години и бев среќен. Сега сум трет и исто толку среќен. Уживам во патувањата, спортот и животот, изјави Алкараз во интервју за „GQ“.

Шпанецот исто така истакна дека сака да ги инспирира младите играчи и да остане во сеќавањата на луѓето како личност која ужива во тоа што го работи.

Дваесет и едногодишниот Алкараз е четирикратен победник на Грен слем турнирите. Вкупно во кариерата има освоено 17 АТП титули во сингл. Шпанецот има и сребро на Олимписките игри во 2024 година на негова заслуга.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИЈЗ: Учениците не одат во школски тоалети зашто смрдат, па „закачуваат“ уринарни инфекции

Следно

Претседателката на словенечкиот Државен збор во прва официјална посета на земјава

Latest from Blog

„СЕ КОЦКААТ СО НАШИТЕ ЖИВОТИ“: Експертите алармираат за неконтролираниот развој на вештачката интелигенција

OpenAI објави шест извештаи за „неочекувано и загрижувачко“ однесување на своите модели на вештачка интелигенција, објавува Асошиејтед прес. Соопштението доаѓа во време кога технолошкиот свет води сè пожестока дискусија за безбедноста, а

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите
Go toTop