Албанија склучи договор со ЕИБ за пругата Драч–Рогожина, ЕУ обезбедува 90 милиони евра

April 8, 2025
1 min read

Албанија направи значаен чекор кон модернизација на својата железничка инфраструктура – во Тирана денеска беше потпишан договор за финансирање на пругата Драч–Рогожина, која е дел од паневропскиот Коридор VIII.

Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, и директорот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Лионел Рапај, го потпишаа договорот кој обезбедува средства за реализација на овој стратешки проект.

– Оваа железничка линија е клучна артерија што ќе ја поврзе Албанија со европската транспортна мрежа и ќе ја зајакне нашата улога како регионален поврзувач, изјави Балуку.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, која престојува во посета на Тирана, оцени дека проектот ќе донесе бројни придобивки: нови работни места, зголемена трговија и подобрување на поврзаноста со соседите и со ЕУ.

– Коридорот има и стратешко значење за воената мобилност и регионалната безбедност, особено во светло на актуелната меѓународна ситуација. Тој ќе биде важна врска меѓу земјите членки на ЕУ и НАТО, истакна Калас.

Премиерот Еди Рама порача дека следните пет години ќе бидат клучни за враќањето на железницата во Албанија.

– Овој договор е дел од широка инвестициона програма во железничката инфраструктура. До крајот на деценијата, железницата повторно ќе стане реалност во нашата земја, рече Рама.

Вредноста на проектот изнесува 120,5 милиони евра. Европската унија обезбедува 90 милиони евра, од кои 62 милиони се неповратни средства – грантови.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет лица осомничени за незаконско користење средства на хрватското МНР

Следно

ТВ серијата „Последниот од нас“ (The Last of Us) е во опасност да стане жртва на сопствениот успех

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа

Милион и пол верници веќе пристигнаа во Мека, и покрај војната во иран и заканите од напади

Според официјалните податоци, еден и пол милион верници пристигнале само од странство пред почетокот на годишното поклонение во понеделник. Патот низ светите места По посетата на Каба, главното светилиште на исламот во

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ
Go toTop