СДСМ: Наместо неселeктивна правда за Кочани- МВР гони млади за Фејсбук статуси

April 8, 2025
1 min read

Изминува четвртата недела од страшната несреќа во Кочани во која згасна 61 живот а 200 луѓе беа повредени. Истрагата за најголемата несреќа во поновата македонска историја сè уште не дава одговори на клучните прашања:Кој е одговорен за пожарот во „Пулс“ и за сериозните пропусти на безбедносните институции? Сè уште нема проширување на истрагата за безбедносните пропусти направени на кобната ноќ – ниту пак на оние што ѝ претходеле. Ниту еден функционер од МВР, ОВР Кочани, СВР Штип или БЈБ не е повикан на распит, ниту опфатен со постапка, истакна на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Наместо тоа, МВР поднесува кривични пријави против граѓани за објави на Фејсбук кои јавно бараат правда и неселективна истрага. Дури и на младите кои протестираа во Кочани и го изразуваа својот револт за загубените животи на нивните другари и другарки МВР им поднела кривични пријави. Не се повикуваат оние кои биле на функции, нема кривични пријави, ама затоа се гонат младите кои пишуваат на Фесјбук и кои бараат одговорност и неселективна правда“, нагласи Кузеска.

Од СДСМ прашуваат „дали МВР смета дека на овој начин некој треба да биде замолчен? Слободата на говор не е закана за истрагата. Младите не се непријатели – тие се совеста на ова општество“.

Од СДСМ бараат од МВР веднаш да престане со притисоци и гонење на граѓани поради ставови и јавно изразено мислење и ги повикува Хелсиншкиот комитет и другите организации за човекови права да реагираат.

„Јавноста со право бара одговори за трагедијата и го поставува прашањето – зошто истрагата е селективна и не ги опфаќа сите инволвирани лица и актуелни функционери? Граѓаните, семејствата на загинатите и целата јавност заслужуваат вистина и правда – не молк и страв“, порача на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Калас во Тирана: 2030 година реална цел за интеграција на Албанија во ЕУ, но двете страни треба добро ја вршат својата „домашна задача“

Следно

БАЛЕРИНАТА ОД ПАРИСКАТА ОПЕРА, РОКСАН СТОЈАНОВ ЈА ДОБИ НАГРАДАТА „МЕНАДА“ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop