Мицкоски: Многу сум разочаран од пресудата на Судот во Тетово, јавно барам да се преиспита работата на судијата!

April 8, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска побара да се преиспита работата на судијата од Тетово, кој досуди две години затвор за Менсур Пајазити, кој на пешачки премин во 2022 година ја усмрти 22-годишната Теодора Ристовска.

Мицкоски кажа дека е силно разочаран од одлуката на тетовскиот суд, и дека бара од Судскиот совет да преземе акција за работата на судијата.

„Народот се згрози од вчерашната пресуда во Тетово. Сторителот кој одзеде млад живот, по жалба Апелацоиониот суд му ја намали казната на 2 години, за Врховниот суд ги укине двете пресуди, и предметот го врати на повторно судење. Судот во Тетово вчера му досуди две години кој смртно одзеде недолжен живот, на 22 години.

Јавно прашувам, има ли некој во државата кој смета дека имаме задоволена правда?

Како човек и родител сум силно разочаран од оваа одлука. Ова не е правда, и тука имам потфрлање на системот. Знам дека некој ќе ми се налути сега поради оваа изјава, но јавно барам од Судскиот совет да го преразгледа работењето на овој судија кој ја донесе одлуката“, рече Мицкоски.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во МСУ-Скопје вечерва се отвора изложбата „Форми што летаат, меѓународни уметници во француските колекции”

Следно

Извештај: Израелски војници откриваат шокантни сведоштва за злосторства поврзани со тампон-зоната во Газа

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop