Таравари: Мицкоски е супер коректен, ме радува што има добри односи со САД

April 7, 2025
1 min read

Арбен Таравари во емисијата ClickPlus на ТВ21 зборуваше и за евроинтегративниот процес на Македонија и постапката за уставните измени.

Тој изјави дека го радува фактот што премиерот Христијан Мицкоски има одлични односи со САД, но во врска со уставните измени, Таравари откри дека Мицкоски побарал гаранција од Брисел и Вашингтон.

„Што се однесува до европските интеграции, првиот договор беше токму интеграцијата на Македонија. Мене ме радува фактот што господинот Мицкоски има одлични односи со САД, и тоа сите го знаат. Исто така има коректни односи со земјите од Европската унија. Единствениот проблем е што господинот Мицкоски бара некаква гаранција дека ова ќе биде последниот услов. Ако може да се најде решение за таа гаранција, која треба да ја дадат Брисел или Вашингтон… Мицкоски вели: „Да ги направиме уставните измени, бидејќи ги имаме бројките, но нивната примена да биде откако ќе станеме членка на ЕУ, затоа што тогаш веќе нема да може Македонија да се условува’,“ изјави Таравари, појаснувајќи дека ова не е условување од страна на Мицкоски кон ЕУ, туку дека тој бара гаранција.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маж се разнесе со бомба пред продавница во Хрватска

Следно

Јовановски во 24 анализа: Во Македонија повеќе ќе се почувствуваат индиректните ефекти од американските царини

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop