Адеми: Немам поим каде е Артан Груби

April 7, 2025
1 min read

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прашање дали знае каде е поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Арта Груби, тој одговори „не знам, немам поим“.

Адеми одговори и дека не знае дали Груби ќе се врати во државава.

-Мислам дека секој треба да се соочи со правдата. Јас мислам дека се водеше политичка хајка и се најавуваше неговото апсење многу месеци порано. И пред составувањето на Владата. Ги имате јавните изјави од политичарите дека ние кога ќе дојдеме на власт ќе го апсиме итн, одговори Адеми на прашањето дали треба да се врати во државава Груби.

На прашањето дали и ставањето на Артан Груби на црната листа на Соединетите Американски Држави (САД) го смета за хајка, Адеми одговори дека тоа е друга работа.

„Тоа ние го почитуваме како ДУИ. Тие ни се наши стратешки партнери. Но, дали има други луѓе на црната листа? Има. Дали се во затвор? Не се. Тоа е доволно“, рече Адеми во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

РОБЕРТ ДЕ НИРО ЌЕ ДОБИЕ ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ВО КАН

Следно

Анчелоти: Арсенал е тежок ривал, но имаме план за победа!

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop