Во израелските напади врз Газа се убиени 10 Палестинци, меѓу кои и новинар

April 7, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелската Армија уби најмалку 10 Палестинци во серијата напади низ Појасот Газа од утринава, а меѓу убиените е и еден новинар, јавува Анадолу.

Медицински извор за Анадолу изјави дека израелската Армија погодила шатор за новинари во близина на болницата Насер во Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, при што загинале еден новинар и уште еден цивил, а биле повредени уште девет новинари, меѓу кои и некои се во критична состојба.

Во нападот што Израел го изврши врз градот Хан Јунис убиен е новинарот Хилми ал Факави, потврдија локални извори.

Во израелските воздушни напади врз две куќи во западниот град Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, убиени се две лица, а други беа повредени.

Уште тројца Палестинци се убиени во напад на израелско беспилотно летало чија цел беше група луѓе во населбата Зејтун, во источниот дел на градот Газа, објави официјалната палестинска новинска агенција Вафа.

Се додава дека во уште еден напад со беспилотно летало во областа Ал-Џурон во северниот дел на градот Газа е убиен уште еден Палестинец.

Двајца други беа убиени во израелски напад врз градот Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, а има и повредени, соопшти Вафа.

Израел ги продолжи своите смртоносни напади во Газа на 18 март, рушејќи го прекинот на огнот што стапи на сила во јануари.

Минатата недела, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ги ескалира нападите врз Газа поради напорите за спроведување на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од енклавата.

Над 50.700 Палестинци се убиени во Газа во бруталните израелски напади од октомври 2023 година, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење во ноември минатата година за Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Димовски: ТИРЗ ја наследив во полоша состојба од очекувањата, убеден сум дека оваа Влада ќе го среди системот

Следно

Туркије: Пролетта во Сакарија на љубителите на природата им нуди прекрасна глетка

Latest from Blog

ШТО СЕ СЛУЧИ СО МИЛИЈАРДЕРОТ ПО УБИСТВОТО НА НЕГОВИТЕ ТРИ ДЕЦА… Има ли живот потоа?

Животот на данскиот милијардер Андерс Холх Повлсен беше обележан со ужасна трагедија во 2019 година. Три од неговите деца беа убиени во терористичкиот напад врз Шри Ланка, меѓу стотиците жртви. Животот на

Николоски и Караџов ќе потпишат договор за прекуграничен железнички тунел меѓу Македонија и Бугарија

На 6 ноември 2025 година, на железничката станица Ѓуешево, ќе биде потпишан Договорот за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Договорот ќе го потпишат
Go toTop