Полицијата одзеде десет возила поради диви трки и бучава на „Трета македонска бригада“

April 6, 2025
1 min read

Десет патнички возила денеска се одземени од страна на полицијата поради учество во таканаречени диви трки и предизвикување голема бучава на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денеска во СВР Скопје било пријавено дека на бул. ‘Трета македонска бригада’, се одвиваат т.н. диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава,“ информираат од МВР.

По добиената пријава, реагирале полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје. Во акцијата се сопрени десет возила кои, според полицијата, се сомнителни за техничка неисправност.

„Истите ќе бидат однесени во станица за технички преглед каде од страна на стручни лица ќе се утврди дали возилата се технички исправни и дали ги исполнуваат условите за учество во сообраќајот,“ се наведува во соопштението.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Владата функционира единствено, работиме неселективно

Следно

КРАТКИОТ „НЕМИ ФИЛМОВИ“ НА КРСТЕ ГОСПОДИНОВСКИ ЌЕ ИГРА ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА НАГРАДИ НА ФЕСТИВАЛОТ ЗА АНИМАЦИЈА ВО АНЕСИ

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop