Лидерите на Јордан, Египет и Франција на трилатерален самит за Газа

April 6, 2025
1 min read

АМАН/АНКАРА (АА) – Лидерите на Јордан, Египет и Франција утре ќе одржат разговори во Каиро за ситуацијата во Појасот Газа во услови на обновените израелски воздушни напади врз палестинската енклава, пренесува Анадолу.

Во соопштението на Јорданскиот кралски двор се вели дека разговорите меѓу кралот Абдула Втори, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и францускиот претседател Емануел Макрон ќе се фокусира на „опасната ситуација во Газа“.

Самитот доаѓа во време кога израелската армија ги продолжува и ескалира своите напади врз палестинската територија, каде што од 18 март убиени се повеќе од 1.300 Палестинци, а 3.200 други се повредени, и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници.

Вчера, Макрон рече дека ќе отпатува во Египет за да присуствува на трилатералниот самит во Каиро на покана од неговиот египетски колега.

Египетското претседателство соопшти и дека Ал Сиси и Макрон телефонски разговарале за случувањата во Газа и ја нагласија итната потреба од итен прекин на огнот во енклавата.

Речиси 50.700 Палестинци се убиени во енклавата во бруталната израелска офанзива која започна во октомври 2023 година, повеќето од нив жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд во ноември минатата година издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири лица повредени во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово

Следно

Агенција Анадолу одбележува 105. години од своето основање

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop