Кривична пријава за 64-годишно лице – осомничен за силување на малолетно девојче од Македонски Брод?

April 5, 2025
1 min read

МВР поднесе кривична пријава против лицето Б.С. (64) осомничен за силување на малолетно од Македонски Брод!

„Б.С. се сомничи дека на 03.04.2025 во Македонски Брод бакнувал и допирал по телото малолетно девојче од Македонски Брод. На настанот од 03.04.2025 му претходел ист таков настан на 07.03.2025 од Б.С. кон истото девојче, за што од страна на очевидци било пријавено во Центарот за социјални работи во Македонски Брод“, вели МВР.

Како што дознава ТВ21, малолетното девојче живеело во згрижувачко семејство од Македонски Брод. Се вели дека осомничениот бил редовен клиент во продавницата на семејството кое се грижи за девојчето.

Актуелниот директор на Центарот за социјални работи, Александер Богатиноски, пред неколку дена е назначен. Тој рече дека МВР работи на случајот како и на прашањето „Центарот за социјални работи не реагирал навреме?“.

„Кога се случи настанот и кога беше пријавен јас не бев директор, МВР го испитува случајот и работи на расчистување на случајот, очекуваме подетално да не известат за случајот“, вели Александар Богатиновски.

Во меѓувреме, поранешниот директор не сакаше да одговори на нашите прашања.

ТВ21 дознава дека синоќа во полициската станица Македонски Брод бил на распит вработен во Центарот за социјални работи, додека екс директор, Синиша Радески, се уште не е повикан на информативен разговор.

Од судија на претходна постапка на лицето Б.С. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, а е испратен во затворот во Битола.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од понеделник Каја Калас во прва посета на Западен Балкан

Следно

Њукасл ќе се обиде да го доведе Кен во своите редови

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop