Со солзи во очите и болка во душата, родителите на загинатите во Кочани тивко маршираат за ангелите

April 5, 2025
1 min read

Нема утеха за родителилте на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 млади луѓе. Тие денеска тивко маршираат по улиците на Кочани, градот завиен во црно.

Под називот „Марш за ангелите“ во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција, семејствата на починатите во трагичниот пожар тргнаа од Паркот на револуцијата, на тежок, црн марш низ улиците на Кочани.

Се упатија кон Трговскиот центар, а оттаму кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Со солзи во очите, црна, темна, траорна облека, родителите, роднините, пријателите на загинатите во кочанската трагедита од 16 март, кога се запали дискотеката „Пулс“ во овој град, денеска уште еднаш маршираа низ градот барајќи правда. Нивната порака е јасна — нема да престанат да бараат правда додека не се открие целосната вистина за настанот што ги одзеде животите на нивните најблиски.

Маршот трае, а на семејствата им се приклучуваат бројни граѓани на овој град завиен во црно.

Со фотографии од своите најмили, кои кобната ноќ се најдоа во дискотеката „Пулс“, членовите на нивните семејства на овој марш си даваат поддршка со прегратки и понекој утешен збор. 

Тивко е во кочани денеска, како и претходните дваесетина дена

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Противниците на Трамп подготвени за масовни протести низ САД

Следно

69 пациенти се лекуваат во странство – нема промена во нивната состојба!

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop