Израелската војска уби уште 60 Палестинци во Газа, билансот надмина 50.600

April 5, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа убиени се уште најмалку 60 Палестинци, со што билансот на убиени во геноцидната војна од октомври 2023 година наваму достигна 50.669, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека уште 162 повредени Палестинци се префрлени во болниците во последните 24 часа, со што бројот на повредени достигна 115.225.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израел ги продолжи нападите во Газа на 18 март, со што го прекина двомесечното примирје.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Албанскиот претседател Бајрам Бегај на средба со Ахмети и Таравари во Скопје!

Следно

Поради љубовта кон читањето, 61-годишник својот дом го претвора во библиотека со над 70.000 книги

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop