ХЕРА ја повикува претседателката Сиљановска Давкова да не ги потпишува штетните законски решенија за основното и средно образование

April 5, 2025
2 mins read

Невладината Хера, ја повика претседателката на државата Гордана Сиљановска давкова да не ги потпишува како што посочуваат штетните законски решенија во врска со образованието на учениците од основните и средните училишта во државата. Во соопштенинието до медиумите, тие пишуваат дека се ‘длабоко загрижени затоа што неодамна усвоените измени на Законот за основно образование и Законот за учебници во основно и средно образование во пракса значат исклучување на здравствената едукација, и системските притапи за заштита од насилство и дискриминација во училиштата’

Од таму наведуваат дека со ова Владата и Парламентот не само што ја негира реалноста со која се соочуваат младите, туку свесно ги препушта на дезинформации, стигматизација, насилство и дискриминација.

„Уште повеќе загрижува податокот дека никој од стручната јавност, ниту младинските организации, не побараа ваков тип на законски измени во образованието. Токму затоа вам ве прашуваме, дали сте свесни дека како Престедателка на земја НАТО челнка дека Владата и Парламентот се во директна спрега со неформални и формални радикални групи, кои под превезот на „заштита на правата на децата” секојдневно промовираат антидемократски процеси и оркестрирано напаѓаат стручни лица, активисти од граѓанскиот сектор, новинари. Дополнително промовираат –дискриминација, омраза, насилство, шират теории на заговор против употреба на вакцините и други методи за здравствена превенција базираат на докази. Оваа насока е целосно спротивна на заложбите на државата за ЕУ интегративните процеси, а во исто време и закана за безбедноста на државата која би требало да биде во ваш секојдневен фокус“, пишува во соопштенито на ХЕРА.

Како Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација тие најостро реагираат и ја повикуваме, Претседателка на државата и како личност која јавно се залага за владеење на правото и родова еднаквост, да:

1.Не ги потпишете Указите за измените и дополнувањата на Законот за основно образование и Законот за учебници;

2. Ја искористите Вашата институционална и морална позиција за да побарате ревизија и повлекување на овие измени;

3. Побарате отворање на јавна дебата со вклучување на млади, стручни лица, младински и граѓански организации;

4. Поддржите итна имплементација на подзаконски акти за заштита на децата од насилство и дискриминација во училиштата;

5. Се заложите за усвојување на политики базирани на наука, податоци и човекови права, а не на притисоци од неформални радикални структури.

ХЕРА, потсетува и на дел од алармантните податоци кои треба да ги загрижат сите родители, наставници па и функционери:

-Насилството е нормализирано во Македонија, се почести се случаите на вознемирување, сексуално насилство, малтретирање и силување кај младите извршено од малолетници, како во училиштата, така и во јавните простори;

-Стапката на просечно стапување на прв сексуален однос кај младите во Македонија изнесува 15 години односно 16 години за девојчињата. За споредба со земјите каде здравствената едукација е интегрирана во училишните програми, младите го одложуваат влегувањето во прв сексуален однос, некаде дури и до 19 годишна возраст;

-Стапката на тинејџерска бременост во 2023 година изнесува 13.4 на 1000 девојки на возраст од 15-19 години;

– Младите на возраст од 15 до 18 години се најмногу изложени на насилство за разлика од другите возрасни групи во државата и младите кои ѝ припаѓаат на ЛГБТИ задницата се и до четирипати почесто малтретирани во училиште од хетеросексуалните врсници[1]. Дополнително, 15-годишници со хомосексуална и бисексуална ориентација страдаат два или повеќе пати почесто во споредба со своите хетеросексуални врсници, честопати со повеќе психосоматски симптоми (74 %), чувства на тага и безнадежност (47 %) или со сериозни самоубиствени мисли (30 %);

– Само во периодот од 2021-2023 се документирани 82 случаи на насилство во образованието врз ЛГБТИ млади, при што образованието е втора област по ред со најмногу документирани случаи на институционално насилство врз ЛГБТИ, после здравството.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Повеќе од 430 лица уапсени во Јужна Кореја во врска со злосторства со детска порнографија

Следно

СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ДОКУМЕНТАРЕЦОТ „ПЛАНИНАТА НЕ ОДИ НИКАДЕ“ НА СЕЛИШКАР НА ФЕСТИВАЛОТ „ВИЗИИ НА РЕАЛНОСТА“ ВО НИОН

Latest from Blog

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За

Вучиќ: Би сакал изборите да бидат во декември 2026, сценарио со немири како во Непал и убиството на Кирк планирано и во Србија

Во интервју за ТВ Информер тој нагласи дека сценарио со немири како во Непал и убиството на американскиот активист Чарли Кирк било планирано да се случи и во Србија, „но успеавме да

Стигнаа добри вести за Барса: УЕФА го помилува Флик

Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ќе го предводи тимот во нивниот прв натпревар од Лигата на шампионите оваа сезона против Њукасл, откако УЕФА ја намали неговата дисциплинска мерка. Флик и

Ѓорѓиевски: Црквата ја чува верата и традицијата на генерациите

Со свечена литургија, предводена од поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Неговото Блаженство г.г. Стефан, денеска беше одбележан големиот јубилеј – 50 години од осветувањето на храмот „Св. Петар и

Ким Џонг-ун најави нова нуклеарна политика

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун објави дека земјата ќе претстави политика за заедничко унапредување на нуклеарното оружје и конвенционалната воена моќ за време на претстојниот клучен состанок на неговата владејачка партија, објави
Go toTop