Туркије: Едно лице загина, 69 се повредени во новиот земјотрес што ја погоди Малатија

February 27, 2023
1 min read

АНКАРА / МАЛАТИЈА (АА) – Најмалку едно лице загина по земјотресот со магнитуда од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денес ја погоди источната турска област Малатија, неколку недели откако два силни земјотреси го потресоа регионот, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јавува Анадолу.

„Во земјотресот повредени се 69 лица“, изјави за новинарите Јунус Сезер, челникот на АФАД.

Земјотресот се случи во 12:04 часот по локално време, на длабочина од 6,96 километри во подрачјето на Јешилјурт.

Земјотресот е почувствуван и во соседните области Кахраманмараш, Газиантеп, Адијаман и Шанлиурфа.

„Утврдено е дека во земјотресот се уништени одредени згради. Екипите за пребарување и спасување се испратени во зоната на катастрофата“, објави АФАД на Твитер.

Агенцијата за управување со катастрофи ги предупреди граѓаните да не влегуваат во оштетените објекти и побара од нив да бидат подалеку од ризичните згради во подрачјето.

Локалните жители по земјотресот истрчаа на отворено.

Новиот земјотрес се случи во време кога Туркије се справува со последиците од двата разорни земјотреси кои го погодија јужниот дел на земјата на 6 февруари.

Најмалку 44.374 луѓе загинаа како резултат на земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени по Рихтеровата скала.

Нивниот епицентар беше во областа Кахраманмараш, југозападниот сосед на Малатија, а погоди уште десет други турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Килис, Османије, Малатија и Шанлиурфа. Од земјотресите погодени беа над 13 милиони луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дојавата за бомба во Судот во Охрид е лажна, вработените вратени на работните места

Следно

Гутереш: „Војната на Русија против Украина предизвика масовно кршење на човековите права“

Latest from Blog

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop