Земјотрес во Мјанмар со јачина од 7,7 степени, се бројат жртви

March 28, 2025
1 min read

Страотен земјотрес во Мјанмар. Нешто по 6 часот утрово, силен потрес со јачина од 7.7 степени според Рихтеровата скала ги разбуди жителите на југоисточна Азија.

Епицентарот е во Мјанмар, во близина на градот Мандалеј, на длабочина од 10 километри..12 минути после првиот земјотрес, следел уште еден, со јачина од 6.4 степени. Потресите биле почуствувани и во соседните држави но и во југозападна Кина, одалечена стотици километри. Урнати згради, болници, патишта и мостови, нема официјален број на загинати во Мјанмар, но се стравува дека конечниот епилог ќе биде неколку стотици.

Потрагата по преживеани и заглавени под урнатините се уште трае. Во шест региони низ земјата прогласена е вонредна состојба, воената хунта која владее со државата од 2021-ва година нареди итна крводарителска акција поради големиот број на повредени а побарана е и меѓународна помош.

„Колку што сум запознаен, епицентарот е во Сагаинг. Можно е таму да има повеќе загинати бидејќи жртви се пријавени и на други места. Поради тоа донесена е одлука да се прогласи вонредна состојба.“ – Зав Мин Тун портпарол на Воената хунта во Мјанмар.

Десетици повредени лежат пред одделот за итни случаи во главниот град. Објектот е оштетен од земјотресот, а влезот за итни случаи, целосно е урнат. 

Вонредна состојба прогласена и во Банкок. Премиерката на Тајланд нареди вонредни мерки за главниот град, каде се урна 30-катна зграда а десетици објекти се оштетени. Според последните информации, тројца се починати, а 90 лица се водат како исчезнати. Железничкиот сообраќај низ земјата е во прекин а во некои делови од Тајланд во прекин е и патниот сообраќај.

„Првин не сфатив што се случува а потоа видов како се тресат масата и компјутерот. Кога се слушна како пукаат ѕидовите и прозорците, бев сигурен дека е земјотрес. Се урна и дел од таванот.“ – Вариниоу Армартајакул жител на Бангкок.

„Проверував порака на мојот мобилен телефон. Бев во мојата фотелја и одеднаш се почна да се движи напред-назад. А потоа се превртев и ја удрив главата од маса.“ – Дебора Панмачет жителка на Бангкок.

Мјанмар е во криза откако со државен удар, воената хунта ја презеде власта во 2021 година. Оттогаш трае и конфликтот меѓу владејачкиот режим и бунтовниците. Откако дојде на власт, а особено откако започна војната, владата ја ограничи работата на медиумите, го забрани пристапот до голем број на интернет страници, и ги блокираше социјалните медиуми.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре започнува ЕЛИТНИОТ ТЕКВОНДО ТУРНИР во Скопје

Следно

Филипче: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно да застанат зад независен кандидат за градоначалник на Кочани

Latest from Blog

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.

Се шират шпекулации дека Ким Џонг Ун е мртов. Северна Кореја објави нови негови фотографии.

На фотографиите се гледа како Ким разгледува детски обувки и женска облека. Оваа објава доаѓа во време на шпекулации за здравствената состојба на 42-годишниот лидер и за можна криза околу наследувањето на

Николоски: Новиот оператор „4iG“ ќе користи сателити на Илон Маск за мобилно поврзување

Новиот мобилен оператор „Оне Македонија“, дел од унгарската групација „4иГ“, планира да ја користи сателитската мрежа Starlink на компанијата „Спејсекс“. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју

ЗК Пелагонија ја гради иднината на домашното млекопроизводство: Знаење, технологија и посветен тим

Земјоделскиот Kомбинат Пелагонија е водечка компанија во рамките на агробизнисот во државата и најголемиот производител на храна во земјава. Располага со 16 000 хектари земјоделско земјиште, а во склоп на комбинатот се
Go toTop