Филипче: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заедно да застанат зад независен кандидат за градоначалник на Кочани

March 28, 2025
1 min read

Партиите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да застанат заеднички зад независен кандидат за градиначалник на локалните избори во Кочани – ова ќе биде еден од главните предлози на лидерот на СДСМ Венко Филипче на лидерската средба која планира да ја иницира следната недела и да ги покани лидерите на партиите секој поединечно. Првиот социјалдемократ за ТВ 24 вели дека по трагедијата во Кочани , граѓаните бараат натпартиска соработка.

„По трагедијата во Кочани, граѓаните бараат натпартиска соработка. Тргнувајќи од барањата на граѓаните ќе иницирам лидерска средба, на која ќе предложам сите партии да застанеме зад заеднички независен кандидат за градоначалник во Кочани на локалните избори во октомври“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Од Владата порачаа дека до нив не е пристигнато официјално барање, ниту пак има иницијатива од СДСМ.

„Забележани се само најави од медиуми. Вакви сериозни ситуации налагаат сериозен пристап. Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне“, велат од Владата.

Од ВРЕДИ се сомневаат на координација меѓу СДСМ и ДУИ во врска со барањето за Анкетна комисија за Кочани.

„После најавите од СДСМ дека ќе бараат Анкетна комисија за Кочани, кое очигледно е во координација со нивните пулени ДУИ, кои наивно веруваат дека можат да се претстават како лажни жртви на политички прогон, господинот Венко Филипче потврди дека има намера да ја политизира колективната трагедија и со тоа нема кредибилитет да повикува на лидерска средба“, велат од ВРЕДИ

Од ДУИ порачуваат дека прво треба да се формира парламентарната комисија со меѓународен надзор , а дури потоа ќе размислуваме за лидерска средба.

„Оттука ги повикуваме сите пратеници кои не сакаат една од најголемите трагедии во државата да заврши со  најголема правна фарса на селективна правда и заробена држава да се потпишат денеска на иницијативата на Европскиот фронт за формирање комисија“, велат од ДУИ

Од Левица со став дека наместо политичарите да се среќаваат на средби, треба Собранието да работи транспарентно и одговорно кога тоа е најмногу потребно – за да се отворат прашањата за трагедијата во Кочани преку легитимни и ефективни демократски методи, и да се создаде политички амбиент за отворање на прашањата поврзани и со претходните немили настани за кои граѓаните бараат одговорност – како модуларната во Тетово, Дурмо турс итн.

Лидерот на СДСМ вели дека на агендата за сосатнокот кој ќе го иницира планира да предложи и стратегија околу членството на Македонија во ЕУ, реформската агенда со акцент на правосудството, но и реформи во здарвството и изградба на нов клинички центар за кој како што вели се покажала потреба, образованието и админситрацијата. Идејата за состанок која ја заговара првиот социјалдемократ на Илинденска ја пречекаа воздржано, велат дека кога ќе одговарт кога ќе стиген иницијативата 

Иницијативата на лидерот на СДСМ Венко Филипче лидерска средба не е права, тој повика на лидерско седнување на маса и по инцидентите за време на одбележувањето на денот на албанзкото знаме, но тогаш премиерот го одби со образложение дека нема потреба од лидерска средба.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Земјотрес во Мјанмар со јачина од 7,7 степени, се бројат жртви

Следно

„Топлина“ од Подмоље заедно со четири подизведувачи за 23 милиони евра ќе копаат јаглен за РЕК Битола

Latest from Blog

Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

фото: LFC (X) Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе

Ѓорѓиевски: За 72 часа ќе видиме резултати од големата акција во Скопје

Започна големата акција за чистење на главниот град, со која во следните 72 часа се очекува Скопје да добие нов, почист и поуреден изглед. Ангажирани се екипи од јавните претпријатија, механизација, камиони

САКАЛ ДА СЕ БАЊА ВО БАЗЕН, ПА СЕГА ПЛИВА ВО ЗЛАТО Французин во својот двор открил златни прачки и монети

Французин открил богатство вредно речиси 700.000 евра додека копал базен во својата градина, а властите му дозволиле да остена кај него бидејќи оцениле дека е легално стекнато. Тој пронашол „5 златни прачки

Почина „Живата Барбика“ – поминала низ 27 операции за да личи на славната кукла (ФОТО)

Веста за нејзината смрт ги шокира милионите луѓе низ целиот свет, особено нејзините следбеници кои со години ја следеа нејзината трансформација и јавниот живот. Според странските медиуми, полицијата започнала истрага за околностите
Go toTop