Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредување

March 25, 2025
1 min read

Дијалогот меѓу експертските групи на Русија и САД, што се одржа вчера во Саудиска Арабија, беше тежок, но корисен за двете страни, а преговорите ќе продолжат со меѓународно посредништво, изјави Григориј Карасин, шеф на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата.

– Се разговараше за многу прашања. Дијалогот беше напорен, но многу корисен. Иако не беше сè решено, самиот факт дека средбата се одржа е од големо значење, особено во контекст на доаѓањето на новата администрација и политичарите кои учествуваа во разговорите, изјави Карасин за ТАСС.

Според него, преговорите ќе продолжат со учество на меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации и одредени држави.

– Останува впечатокот дека ова беше конструктивен дијалог, кој е неопходен и корисен за двете страни. Американците исто така покажаа интерес за продолжување на разговорите, додаде Карасин.

Делегациите на Руската Федерација и Соединетите Американски Држави синоќа по повеќе од 12 часа ги завршија разговорите во Саудиска Арабија и го договорија текстот на заедничката изјава што се очекува денеска да ја објават Кремљ и Белата куќа.

Како што претходно соопшти Кремљ, средбата главно била посветена на Црноморската иницијатива, која беше и тема на разговор за време на последниот телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 18 март.

Советникот за национална безбедност Мајкл Валц претходно потврди дека делегациите ќе се фокусираат на прашањето за прекин на непријателствата во Црното Море. Тој изјави дека во следната фаза од преговорите, Русија и САД ќе разговараат за прашања поврзани со верификацијата на примирјето, мировен контингент, како и сопственоста на територии.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Системски промени, правда и одговорност, побараа учесниците на вчерашниот протестен марш

Следно

Поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ ја тужи Агенцијата за спречување на корупцијата

Latest from Blog

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго
Go toTop