Системски промени, правда и одговорност, побараа учесниците на вчерашниот протестен марш

March 25, 2025
2 mins read

Ова не е борба меѓу вас и нас, ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните. Сакаме системски промени, суштински, а не козметички и додека тие ги полнат џебовите, ние ќе ги полниме улиците и ќе продолжиме да ги полниме се додека не видиме вистинска промена, е пораката од вечерашниот протестен марш во Скопје што го организираше граѓанското движење „Кој е следен?“.

Учесниците побараа правда и одговорност.

-Собрани сме тука поради болка, неправда и трагедии кои можеа да бидат спречени ако институциите си ја вршеа работата, ако одговорните сносеа одговорност и ако корупцијата не беше прифатена како нормална појава. Овде сме да им оддадеме почит на жртвите, но не сме тука само за да жалиме, тука сме и зашто сакаме промена, не козметичка, не привремена, туку вистинска, суштинска, системска промена. Често забораваме, а народ што заборава ризикува трагедиите да му се повторат. Од вечерва јасно кажуваме: нема веќе да забораваме, нема веќе молк и нема веќе страв. Институциите се плашат кога чесните луѓе се здружени, кога граѓаните бараат правда, отчетност и нов почеток, кога кажуват: „да почнеме од нула“, истакна Бленди Ходаи, еден од учесниците на маршот во кусото обраќање пред Владата.

Ходаи напомена дека граѓаните бараат нула толеранција кон корупцијата, нула молк на неправда и кога институциите ќе затаат.

-Должни сме им на сите што страдаа и на оние што изгубија, на сите што беа жртви на систем кој наместо да штити, убива. Оваа држава или ќе ја направиме да функционира за сите или ќе продолжи да биде заробена за малкумина. Но, вие тука покажавте дека се уште има народ кој не се плаши, кој не се продава и кој не се откажува, подвлече Ходаи.

Од протестниот марш беше порачано и „доста е“.

-Целта не е само да бараме одговорност, туку кончено да создадеме безбедна држава. Одговорните треба да одговараат, сите што стојат зад трагедиите. Време е за решенија, да престанеме да бараме виновници. Системот е следен, рече студентката Ангела, која исто така учествуваше на маршот.

„Правда“, „Убијци“, „Не се плашиме“, „Уа профитери“, „Одговорност“, „Нема правда, нема мир“, „Ние сме системот“, „Цела Влада оставка“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт”, „Секој еден, може да е следен”, скандираа учесниците на протестниот марш во текот на целата маршрута, од плоштадот „Македонија“ каде што беше зборното место, преку Собранието, до Владата. Можеа да се видат и транспарентите „Државата ги убива своите деца“, „Купен мир и тишина пострашни од војна“, „Колку мито треба за да ги вратиме жртвите”, „Нема тишина, само правдина”,…

На плоштадот најпрво беа запалени свеќи и беше положено цвеќе по што следуваше триминутен молк. Оттаму маршот тргна кон Собранието кое беше исвиркано од учесниците, а потоа продолжи кон Градската болница каде со аплауз и скандирање „Вие сте херои“ им беше оддадена своевидна почит на медицинските работници. Исвиркана беше и Владата пред која се одржа 16-минутно молчење во чест на жртвите од пожарот во Кочани.

Пред почетокот на протестниот марш, „Кој е следен?“ на прес-конференција порача дека се граѓанска иницијатива и дека не се поврзани со ниту една политичка партија.

-Многу е битно да се разграничи партизирање од политизирање. Ние сме активни граѓани, сакаме да останеме тука, да живееме во Македонија, но да е безбедно, бараме одговорност, безбедност и транспарентност и затоа протестираме, изјави Милена Јаневска од граѓанското движење „Кој е следен?“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протестен марш во Аргентина по повод 49-годишнината од воениот удар

Следно

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредување

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop