Поранешниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ ја тужи Агенцијата за спречување на корупцијата

March 25, 2025
1 min read

Поранешниот црногорски претседател и актуелен почесен претседател на највлијателната опозициска партија- ДПС, Мило Ѓукановиќ, ја тужеше Агенцијата за спречување на корупцијата (АСК) поради одлуката дека го прекршил законот во врска со револвинг картичка на Атлас банка, барајќи отштета во износ од 5.000 евра.

Во тужбата, меѓу другото, се наведува дека поранешниот црногорски претседател и поранешен премиер чесно, совесно и со највисок степен на одговорност две и пол децении ги извршувал своите државнички обврски, а Агенцијата за спречување на корупцијата ја донела одлуката со која утврдила дека го прекршил Законот за спречување на корупцијата бидејќи не пријавил зголемување на имотот во износ од 16.741 евро, со намера да ја прикаже неговата личност како криминалец, арогантен и недостоен за позицијата и угледот што ги ужива во општеството и државата Црна Гора, пренесува порталот Дан од Подгорица.

Ѓукановиќ, се додава, бара отштета од 5.000 евра за повреда на личните права.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Карасин: Русија и САД ги продолжуваат преговорите со меѓународно посредување

Следно

На 27 март ќе биде промовирана новата Американско Балканска Стопанска Комора

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop