Ивановска во 24 анализа: Кај нас сите пори се зафатени со корупција, алчноста не убива

March 24, 2025
1 min read

Поранешната претседателка на Антикорупциска Билјана Ивановска во 24 анализа рече дека во македонското општество сите пори се зафатени со корупција.

Според неа, мешањето помеѓу државниот и приватниот сектор треба да е дигитализиран процес со цел да нема корупција.

„Кај нас сите пори се зафатени со корупција. Сега нас ни се случи дека корупцијата вистински убива. Свесноста на носителите на функции не беше на виоско ниво и граѓаните беа многу попустливите. Се вртиме во круг. Ова е ладен туш за сите и ќе ги отрезни сите и ќе бидат посвесни и ќе и звлечеме поука од се ова. Ситуацијата е комплексна и последиците кои ги носиме се од психолошки аспкет. Психолозите имаат еден куп работа, прво да ги вратат назад во нормала сите посебно тие што беа директно вклучени. Ни треба поголема психолошка свест. Корупција им треба на несреќните луѓе. Може ли еден човек да живее во 10 стана да вози 10 коли? Не. Алчноста не убива“, рече Ивановска.

Таа објасни и дека потреба е целосна дигитализација во сите процеси меѓу државниот и приватниот сектор.

„Секаде каде што има допир државниот и приватниот сектор треба да биде дигитализирано и да се знае, да нема мешање. Мислам дека сега го допревме дното. Но, сега свеста кај луѓето е поголема, ќе истраат, ги боли, не ги боли – ги пржи веќе.  Сега почна да се растрчува по сите видови. Кај е градежната мафија, треба да ја тужиме државата немаме взодух, немаме дрвце, во бетонизација живееме. Ова сега е како некоја домаќника што не чисти дома и одеднаш прави генералка. Така и ова или системски ќе се работи или не. Сите инспекции треба да прават системски контроли и вонредни“, додаде Ивановска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки

Следно

Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop