Одново пуштен во употреба мостот пред Солун на автопатот од Атина

March 24, 2025
1 min read

По речиси 14 месеци реконструкција, мостот на реката Вардар (Аксиос) во Грција на автопатот Атина-Солун денеска беше пуштен во употреба, со што ќе се нормализира сообраќајот кај патарината Малгара кусо пред влезот во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Станува збор за мост што е дел од автопатот во правец кон Солун од Атина и кусо пред влезот во градот, но и онаму каде што се дели патот во правец кон граничниот премин Евзони (Богородица) со нашата земја.

Во периодот од над една година додека траеше реконструкцијата на мостот возилата се пренасочуваа, а доста често, особено во летниот период, имаше редици, со оглед на тоа што овој дел од автопатот го користат и туристите кои се враќаат од областа Пиерија и летните дестинации кај Катерини, односно Неи Пори, Паралија, Платамона и сл.

Министерот за инфраструктура и транспорт на Грција Христос Димас рече дека работите во изминатата година главно се однесуваа на зајакнувањето на структурната издржливост на мостот, а „со функционирањето на мостот на Аксиос се воспоставува непречен сообраќај на возила кон Солун“.

Со пуштањето во употреба на мостот, ќе работи и патарината Малгара во правец од Атина кон Солун, а цената е 90 центи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ивановска во 24 анализа: Кај нас сите пори се зафатени со корупција, алчноста не убива

Следно

Ким Андерсон заминува во ракометна пензија

Latest from Blog

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop