ФФМ: Масев е разрешен, немаме информации за неговите лични постапки

March 24, 2025
1 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи вечерва во врска со медиумските написи дека директорот на сениорската репрезентација Данчо Масев е приведен, истакнувајќи дека од пред извесен период е разрешен од должноста, а Федерацијата нема информации околу „личните постапки“ кои довеле до негово апсење.

„Во врска со приведувањето на Данчо Масев, истакнуваме дека ФФМ нема информации за неговите лични постапки и активности кои довеле до оваа ситуација. Со оглед на ситуацијата, неговите активности во рамки на Федерацијата престанаа со моментален ефект, односно пред повеќе од една недела“, соопшти ФФМ.

Реакцијата доаѓа откако претходно денеска весникот „Слободен печат“, повикувајќи се на неименувани изври од затворот „Шутка“, објави дека поранешниот фудбалер и македонски репрезентативец Данчо Масев, кој пред два месеци беше именуван за директор на фудбалската А-репрезентација на Македонија, од пред една недела е во притвор.

„Како институција која се придржува до принципите на законитост и интегритет, случајот го ставаме на органите на Законот во државата. Нашиот фокус е насочен кон организацијата и подготовката на натпреварот Македонија – Велс без да се акцентираат личните постапки, а каква било одговорност ќе биде утврдена од законските органи“, се додава во соопштието на ФФМ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патниот правец Ростуше-Дебар блокиран во двата правци, цистерна излета од коловозот

Следно

Ивановска во 24 анализа: Кај нас сите пори се зафатени со корупција, алчноста не убива

Latest from Blog

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop