Станков: Три од жртвите во пожарот во Кочани имаа изгореници од четврти степен, четворица беа со скршеници на ребрата

March 21, 2025
1 min read

Кај дел од настраданите во пожарот во Кочани се утврдени изгореници од прв и втор степен, но кај три лица имало и изгореници од четврти степен, а кај четворица се констатирани скршеници на ребра и задушување од притисок при бегање (стампедо), а повреди од евентуално срушени греди нема. Кај сите 59 жртви при идентификацијата биле користени две методи, ДНК анализа и дактилоскопија, но кај четворица било невозможно да се добијат отисоци поради што била направена само ДНК анализа. Во тек се токсиколошките анализи за да се утврди што било присутно во крвта на загинатите, иако според макроскопскиот наод за време на обдукциите, кај најголем број од нив имало јаглерод моноксид, рече денеска раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков кој информираше за спроведената обдукција и идентификација на починатите.

Како што истакна Станков, во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите, но за токсиколошките анализи можеби ќе биде потребно повеќе време. Ќе се прават и патохистолошки анализи и се што ќе биде сработено, Институтот за судска медицина ќе достави до Обвинителството ќе нареди вештачење.

Обдукциите почнале вечерта, на 16 март, а завршиле претпладнето на 18 март. Идентификацијата, пак, 99 проценти била завшрена во вторникот, на 18 март, а комплетно во утринските часови на 19 март.

Идентификацијата првично се спроведувала во болниците каде што биле жртвите, но само со помош на препознавање и лични документи, а потоа биле применети и ДНК анализа и дактилоскопија при што, за да нема никаква грешка, проверка се правела по неколку пати.

– Од обдуцираните 59 лица 70 отсто биле меѓу 16 и 29 години, од починатите 16 се жени, а 43 се мажи. Во детали не би влегувал зашто не се завршени сите анализи, но постојат фрактури на ребра и знаци за притисок кои довеле до задушување, подвлече Станков.

Во однос на задушувањето, докторот објасни дека под дејство на јаглерод моноксид се јавува главоболка, повраќање, вртоглавица, безсознание, дезориентираност, парализа на мускулите и во вакви случаи, жртвите, вообичаено, се наоѓаат веднаш до местото од кое се обидувале да избегаат.

– Овој гас е многу опасен, нема мирис и вкус, делува на централниот нервен систем, ги онеспособува жртвите и смртта може да настане многу брзо, за неколку минути, зависно колкава е концентрацијата. Во дискотеката каде што се случил пожарот, во тој чад и простор, под дејство на јаглерод моноксид смртта може да настане многу брзо. Ова е многу опасен гас и најчесто се јавува при вакви пожари, поради недоволно, некомплетно согорување. Сепак, во овој случај треба да се земат предвид и другите работи како амбиенталното задушување зашто огнот што гори го троши кислородот, па покрај влијанието на јаглерод моноксидот, има и намалено количество на кислород, нагласи Станков.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган и Изетбеговиќ разговараа за ситуацијата во Босна и Херцеговина

Следно

Македонија во црни дресови против Лихтенштајн – фудбалерите ќе играат во чест на жртвите од Кочани

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop