Утре телефонски разговор Трамп – Путин

March 17, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека утре планира телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, додека тој се обидува да постигне прекин на огнот во војната во Украина, која ги исцрпи војниците и ресурсите на двете страни.

За време на летот од неговото одморалиште во Флорида кон Вашингтон, Трамп вели дека многу работа се завршило викендов и дека е оптимист.

– Сакаме да видиме дали можеме да ја доведеме таа војна до крај. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека имаме многу добри шанси. – Доналд Трамп, претседател на САД.

На прашањето за можните отстапки кои би можеле да бидат потребни за да се обезбеди прекин на огнот, Трамп рече дека „ќе зборуваме за земјиште, ќе зборуваме за електрани“. Во меѓувреме, висок руски функционер рече дека Москва ќе инсистира на Украина да не и се приклучи на НАТО и да остане „неутрална“ во каков било мировен договор – услови кои Киев долго време ги отфрла.

Украинскиот претседател Зеленски од своја страна порача дека признавањето на окупираните територии од Русија не доаѓа во предвид и дека тоа е украинската црвена линија. По одржувањето на разговорите во Саудиска Арабија, украинските и американските власти на 11 март објавија дека Киев се согласил на 30-дневен предлог за прекин на огнот, во зависност од договорот на Русија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митева: Една официјална сметка за донации со Црвен крст, обезбедуваме превоз и сместување на семејствата на повредените кои се хоспитализирани во други земји

Следно

ВИДЕО: Бектеши со лисици на раце ставен во полициско комбе, ќе дава исказ во Кочани

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop