Градоначалникот на Илинден изрази жалење за трагичниот настан, девојчето починало од струен удар на жиците на вагонот

February 26, 2023
1 min read

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изрази сочувство за трагичната несреќа во која ноќеска загина девојче во близина на железничката станица. Тој во изјава за ТВ 24 вели дека според неговите сознанија дошло до струен удар на вагоните каде децата биле качени.

Според информациите што ги добив од МВР и ПП бригада, до трагедијата дошло откако група малолетници самоиницијативно, најверојатно од забава и несвесно се качувале на паркиран вагон во близина на ЖСТ Илинден и при тоа дошло до струен удар од високиот напон каде на лице место животот го загуби малолетно девојче. Во моментов таму увид врши јавен обвинител и другите надлежни органи. Во овој момент можам само да изразам жалење за целиот настан и воедно да изразам длабоко сочуство до семејството на настраданото дете“ вели Георгиевски.

Вчера ЦУК информираше дека во 21.05 часот од Македонски железници бил пријавен пожар на вагон-цистерна на железничката станица „Илинден“ , како и дека едно лице загинало од струен удар од електричните жици на вагоните.

Имавме пријава за опожарен вагон цистерна. Интервениравме со две возила и седум пожарникари и пожарот е веќе изгаснат. Затекнато е опожарено тело на вагонот цистерна,“ изјави за „Фокус“ командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски.

Според првичните информации од пријавата во МВР, вагон-цистерната била опожарена од малолетници кои несреќата му кажале на возрасен човек, кој ја информирал полицијата.

По завршување на увидот се очекува да се утврдат точните причини за смртта на девојчето и за настанувањето на пожарот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Макпетрол: Вечерашниот настан во Илинден нема никаква поврзаност со компанијата

Следно

Рамос повторно ќе игра со Роналдо?

Latest from Blog

Песков: Путин ќе го прими Виткоф следната недела, Украина е во длабока криза

Рускиот претседател Владимир Путин ќе го прими специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, во првата половина од следната недела, објави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Украина

ТАВ Аеродроми ја заокружува 2025 година со инвестиции од 3,8 милиони евра на скопскиот аеродром

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, континуирано инвестира во унапредување на инфраструктурата, услугите и современо патничко искуство на двата аеродроми во земјава. Во 2025 година на Меѓународниот Аеродром

Хју Џекман конечно потврди дека е во врска со 50- годишна колешка (ФОТО)

Познатиот 57-годишен актер на Инстаграм ја потврди својата врска со 50-годишната колешка Сатон Фостер, не долго по разводот од Дебора-Ли Фернес со која помина речиси три децении. „Вистински магична ноќ“ Џекман објави
Go toTop