Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува шеф на дипломатијата

March 14, 2025
1 min read

Промени во неколку Министерства меѓу кои и оние за национална економија и финансии, за инфраструктура и транспорт, за енергетика, за миграција итн, направи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, додека пак Јоргос Герапетритис и Никос Дендиас се меѓу министрите кои останаа на нивните позиции, односно во Министерствата за надворешни работи и за национална одбрана, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис претпладнево го соопшти новиот владин состав и досегашниот министер за национална економија и финансии Костис Хаѕидакис станува заменик-претседател на Владата, на негово место доаѓа Кирјакос Пиеракакис од Министерството за образование, каде што сега министерка ќе биде Софиа Захараки.

Промени има и во Министерствата за транспорт и инфраструктура, за животна средина и енергетика, миграција и азил, социјална кохезија и семејство, поморство, цивилна заштита и климатски кризи, како и на неколку заменик-министерски места.

Во Министерството за транспорт доаѓа Христос Димас, за енергетиката и животната средина надлежен ќе биде поранешниот државен министер Ставрос Папаставру, во Министерството за миграција и азил доаѓа Макис Воридис, за поморство надлежен ќе биде Василис Кикиљас, кој досега беше министер за цивилна заштита и климатски кризи, а на негово место доаѓа Јанис Кефалојанис.

Непроменети на нивните позиции остануваат министрите за надворешни работи, за одбрана, за внатрешни работи, за заштита на граѓаните, за здравство, за правда, за култура, за развој, за поморство, за туризам и за дигитално управување.

Новите министри и заменици утре претпладне ќе положат свечена заклетва, по што новиот владин состав ќе ја одржи првата владина седница.

Реконструкцијата на Владата е по масовните протести што пред две седмици се одржаа во Атина и низ цела Грција на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица.

Последната реконструкција на Владата беше на 14 јуни минатата година по европските избори.

Владата на Нова демократија е речиси на половина од вториот мандат, откако по победата на изборите во јуни 2023 година со 40,6 отсто, доби доволен број пратеници за формирање еднопартиска Влада, а грчкиот премиер континуирано посочува дека следните избори ќе бидат во 2027 година на крајот на мандатот, отфрлајќи секакви сценарија за предвремени избори во земјата. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Комесарот за одбрана на ЕУ бара приоритет за оружјето од европско производство

Следно

Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Пожарите околу Скопје не се случајни, некој создава вештачка криза пред избори

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, порача дека постојат основани сомнежи дека пожарите кои деновиве избувнуваат околу Скопје се намерно подметнати за создавање вештачка криза во пресрет

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од СДС-ДУИ задушени од народниот пораз, решија да го задушат и Скопје

Злосторничкото здружение ДУИ–СДС, неможејќи да го прифати фактот дека се поразени и дека граѓаните ја враќаат државата на прав пат, прибегнува кон најопасни и криминални методи. Наместо политики, подметнуваат чад и отров

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕТЕ ВО ГРЦИЈА, КАЗНИ ДО 8.000 ЕВРА, А МОЖЕ И ЗАТВОР Од денеска стапува во сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот на патиштата

Високи парични казни што достигнуваат и до 8.000 евра, одземање на возачките дозволи, па дури и активирање на Кривичниот законик, предвидува новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата во Грција што

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга
Go toTop