Палчо имал листа за грабнување – Манев: Ни ветуваше по 150 илјади евра, Вања беше грабната по грешка

March 12, 2025
1 min read

Наместо во прв ред како до сега, првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо го седнаа на последен ред во судницата поради безбедносни причини. Внимателно го слушаше и запишуваше сведочењето на Велибор Манев, некогашен соработник во грабнување за пари, и убивање. Палчо имал листа со пикирани лица кои требало да бидат грабнати, чувани во длабока дупка кај Велес додека семејството не даде пари за откуп.

Започнале со пензионерот од Велес. Одбран бил бидејќи живеел сам и имал автомобил кој им требал за грабнувањето на 40 годишна жена.

„Палчо веднаш му испука куршум во слепоочницата. Јас останав без зборови, скокнав од местото и излегов надвор од шумичката. Застанав и бев пред колабирање. Се тресев од тоа што го видов. Палчо видов како го турна Панче во дупката. Го прашав зошто го направи тоа, ми рече да не се мешам и да не се секирам, а и да не ми го расипува убавото семејство кое го имам“, порача Велибор Манев.

На списокот за киднапирање биле главно имотни лица и бизнисмени. Манев во судница со име посочи некои од нив. Обвинетите требало да добијат награда од 150 илјади евра за својата улога во криминалните активности.

„Се одлучи за 40 годишна жена. Ја следеше десетина дена и постојано ни покажуваше фотографии. Знаевме кое време излегува и каде оди. Не знам дали фотографиите беа фотошопирани. По три неуспешни обиди, ја грабнавме. Кога ја однесовме кај местото викано Бразди сфативме дека е дете. Му реков на Палчо да го ослободиме бидејќи тоа е погрешна личност, но тој ја сликаше и рече дека нема грешка. Сликите ќе ги праќаше на родителите за да бара пари и ни рече дека сумата како награда ќе биде помала. Се свртев кон лозјата, а тој преку перниче ја уби. Па ни даде копач и нареди да ја закопаме“, вели Велибор Манев.

На овој дел од сведочењето, судијата даде пауза бидејќи му се слоши на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања.

Манев негираше дека Ѓорчевски бил вмешан, тврдејќи дека го посочил под притисок од полицијата за да престане тортурата врз него.

Поради разликите во исказите, Обвинителството побара во судница да се прочитаат двете претходни изјави на Манев дадени во полиција и обвинителство. Обвинителката Ана Стојковиќ-Димитровска, читајќи ги, не можеше да ги сокрие емоциите кои ја надвладеаа во неколку моменти.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дали ДПМНЕ е над сите закони? СДСМ бара да одговори кој од Белата палата се јавил за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол?

Следно

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 17 март

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop