Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 17 март

March 12, 2025
1 min read

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во понеделник откако денеска во Основен Кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите. Манев денеска изјави дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното девојче. Тој рече дека за грабнувањата ги координирал Љупчо Палевски Палчо и дека сметал оти требало да извршат само грабнувања и се изненадил кога Палчо ги застрелал Вања и Панче.

Манев, исто така, изјави дека со сега покојниот Панче Жежовски се познавал и дека работел на негова куќа пред 15-16 години, од кога му останал должен и не му исплатил за завршената работа. Тој ја однел полицијата од СВР Велес на местото „Рудник“ во Велес, каде заедно со Влатко Кешишев ископале земуница со цел „да се чуваат грабнатите лица и оттаму да се пуштат на слобода откако ќе се изврши наплата“.

Обвинетиот денеска одговарајќи на прашања на неговиот бранител, во детали ги образложи грабнувањета на Вања и Панче, при што посочи дека координатор и извршител на убиствата бил Палевски. Тој нагласи дека после убиството на Панче, продолжил со грабнувањето на Вања поради страв и закани од Палевски кон него и неговото семејство.

Манев потенцираше дека сметале оти треба да грабнат жена на 38-40 години и дека се обиделе да го предомислат Палевски откако виделе дека грабнале дете. Воедно, кажа дека за грабнувањата им биле ветени по 150 илјади евра.

Тој тврдеше дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, не е вмешан во случајот.

Манев посочи и дека бил изложен на тортура при неговите распити за што рече дека има и докази.

Потоа обвинителството предложи да се прочита исказот даден во обвинителството, поради разликите со денешниот исказ. Откако беше прочитан исказот, судијата ја прекина расправата и одлучи таа да продолжи во понеделник, исто така, со сослушување на Манев.

Според најавеното, по сослушувањето на Манев, треба да сведочи Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски и на крај Палевски.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Палчо имал листа за грабнување – Манев: Ни ветуваше по 150 илјади евра, Вања беше грабната по грешка

Следно

Полскиот премиер предложи Туркије да преземе активна улога во започнувањето на руско-украинските мировни преговори

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop