Уапсени 47 лица во Грција: Разбиена криминална организација, зад нив стојат тешки дела

March 10, 2025
1 min read

Грчката полиција разби криминална организација за нелегално производство и трговија на тутунски производи, а од понатамошната истрага било откриено дека членовите стојат и зад убиства, изнуди, експлозии, физички напади, при што уапсени се 47 лица, а штетата за земјата е над девет милиони евра поради избегнатите даноци, јави дописничката на МИА од Атина.

Директорот на Управата за борба против организиран криминал, генерал-потполковник Фотиос Дуицис објасни дека првично работеле на разбивање на криминалната организација со меѓународен карактер кои произведувале и пакувале голема количина тутунски производи.

Но, од истрагата произлегло дека не станува збор за обичен случај, посочувајќи дека има јасна поврзаност меѓу незаконските активности, како што е шверцот со цигари, со извршувањето на кривични дела како што се убиства, изнуди и тепања, со цел преовладување и консолидирање на доминацијата на криминалните организации над „потенцијалните конкуренти“.

Портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду, на денешната прес-конференција рече дека на операцијата што била спроведена на 6 и 7 март ѝ претходела повеќемесечна истрага на надлежните служби, а освен уапсните 47 лица, во предметот се вклучени уште 106 други лица.

-Вкупниот износ на избегнати даноци се проценува на 9.740.533 евра, од кои 7.466.995 евра се однесуваат на посебен данок на потрошувачка и 2.273.538 евра за данок на додадена вредност, посочи портпаролката на грчката полиција.

Дополнително, додаде дека при претресите извршени за време на операцијата во Атина, Солун, во Тесалија, во централна и западна Грција биле пронајдени и одземени: 28,2 милиони цигари; 936 килограми тутун; 24,39 тони тутун; 166.039 евра, пет пиштоли; 74 мобилни телефони; 32 автомобили; осум камиони; мотоцикл; машини за преработка и пакување на тутун.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ивановска во Аргумент плус: Планот за изградба на катни гаражи кај Клинички мислам дека не е издржан

Следно

Милошоски: Интерпелациите се неопходни за кадровски реформи, членовите на Судскиот совет треба да покажат зрелост и да поднесат оставка

Latest from Blog

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на

Јаневска на Светскиот ден на ромскиот јазик: Го негуваме јазичното и културното богатство, така сме посилни и побогати како држава

Ромскиот јазик е дел од нашето заедничко културно богатство и преку образованието станува дел од нашето заедничко наследство кое имаме должност и со задоволство го чуваме и негуваме, рече министерката за образование

Меџити: Серава добива инфраструктура по европски стандарди

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршените градежни работи во населбата Серава, каде што е комплетно асфалтирана улицата „ЛПК“. Во рамки на проектот се уредени и пусетите, како

Wolt: Прогресивен двигател на дигиталната промена во Македонија

Лансирањето на Wolt во Македонија претставува повеќе од појава на уште една апликација за достава, тоа е пресвртница во дигиталната и економската трансформација на земјата. Говорејќи на годишната eCommerce конференција во Скопје,
Go toTop