Ивановска во Аргумент плус: Планот за изградба на катни гаражи кај Клинички мислам дека не е издржан

March 10, 2025
1 min read

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во Аргумент плус рече дека за изградба на катните гаражи на Клинички потребно е да се даде проценка од страна на стручни лица. Според неа главниот проблем е тоа што во Скопје има и други нерешени прашања кои привлекуваат и други кризи.

„Не слушнавме дека оваа активност е смислена и не даде никој проценка дали е добра или не. Мислам на стручни лица од животна средина, активисти и дали е оправдана катна гаража на таков простор. Пред тоа треба да слушнеме од Владата што планира, дали планира нов клинички или ќе прави дисперзирани клинки, постојат повеќе можности, но ова решение сметам дека ај што создаде незадоволство мислам дека не беше до крај издражано, кај болни да ставате еколошка бомба тоа за мене е смрт“, рече Ивановска.

Според неа, во Скопје има многу нерешени прашања кои со себе носат дополнителни проблеми.

„Нашиот проблем е таков затоа што има нерешени проблем од страна, тоа што нема клиники во другите градови и се носат пациенти од другите градови во Скопје, друго клиниката е далеку од железничката станица и автобуската станица, од друга страна прашањето е дали имаме добар превоз во градот, дали секој доктор или вработен во Клиниките би имал потреба да оди со кола на работа. Ова е проблем што тежи“, додаде Ивановска.

Таа објасни и дека тоа што на тендерот имало пријавено само една фирма може да значи дека се барале услови кои други фирми не би можеле да ги исполнат.

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Туркије силно ги осудува сите видови напади насочени кон единството на Сирија

Следно

Уапсени 47 лица во Грција: Разбиена криминална организација, зад нив стојат тешки дела

Latest from Blog

Анчелоти се врати во Реал и порача: Ова ќе биде добра сезона

Селекторот на Бразил и поранешен тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го посети тренинг-центарот на шпанскиот клуб во Валдебебас. Италијанскиот стручњак се сретна со играчите, а разговараше и со актуелниот тренер Жозе

Се формира огромен Ел Нињо, метеоролозите алармираат за екстремни суши, горештини и поплави

Температурите на океаните во тропскиот дел на Тихиот Океан, кои силно влијаат на временските услови ширум светот, сега се невообичаено високи, објави агенцијата на ОН со седиште во Женева. „Пред нашите очи

Божиновска: Регионалната енергетска соработка е клучна за стабилноста на Југоисточна Европа

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на шестото издание на „Thessaloniki Metropolitan Summit“, во организација на „The Economist“, каде во фокусот се клучните предизвици и можности за економскиот

Гана го врати Карлос Кеирош на селекторското место

фото: KickOff Online @KickffMagazine (X) Карлос Кеирош повторно е селектор на фудбалската репрезентација на Гана, откако беше повторно назначен на функцијата помалку од два месеци по оставката. Португалскиот стратег во јули се

Медитеранот врие: Забележана е највисока температура во последните 33 години

Според извештајот, 79 проценти од Медитеранот доживеале силен или посилен морски топлотен бран најмалку еден ден, објавува AdnKronos. Во соопштението се објаснува дека рекордниот температурен рекорд оваа година треба да се толкува
Go toTop