Изградбата на регионална депонија во Новаци повторно неизвесна

March 10, 2025
1 min read

Изградбата на регионалната депонија во Новаци повторно на “стаклени нозе”.Иако не е во нивната општина,Битолчани најавуваат протести за в сабота, се плашат од ново загадување , а советниците предложија референдум.И од граѓанскиот сектор изразија недоверба за проектот.

Проблемот е зголемување на бројот на региони и општини кои таму ќе депонираат отпад.

Според планот отпадот до новата депонија ќе се носи по нов пат, обиколница и истиот ќе се транспортира во нови возила. Опасност од ново загадување во Битола нема рече градоначалникот Коњановски.

Локацијата регионалната депонија да биде позиционирана во Новаци е анализирана и најидеална според стандардите, да биде на почва која има природна изолација. Ана Мазнева Каранфиловска од ресорното министерство рече дека сегашната депонија Мегленци прави поголемо загадување врз околината. На новата современа депонија нема да се согорува медицински и опасен отпад.

Дел од екологистите кои ги исконтактира ТВ 24 даваат зелено светло за изградбата на оваа депонија за која велат дека може само да ги реши проблемите, а не да донесе штета.

Го делат ставот дека ако и овој проект пропадне како претходниот кога како локација беше избрана општина Дебрца штетите од загадувањето од сметот во југозападниот, полошкиот и пелагонискиот регион ќе се наталожуваат и ќе бидат несогледливи по здравјето на граѓаните.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За здрава исхрана за време на Рамазан консумирање јаткасти плодови

Следно

Доналд Трамп чекор назад – Украина повторно ќе добива разузнавачки информации од САД

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop