За здрава исхрана за време на Рамазан консумирање јаткасти плодови

March 10, 2025
1 min read

ТЕКИРДАГ (AA) – Раководител на Одделот за инженерство за храна на Универзитетот „Намик Кемал“ во Текирдаг, проф. д-р Исмаил Јилмаз, за здрава и урамнотежена исхрана за време на Рамазан препорача консумирање јаткасти плодови, известува Анадолу.

Проф. Јилмаз за дописникот на АА изјави дека граѓаните треба да внимаваат на исхраната по ифтар.

Осврнувајќи се на важноста од контролирана исхрана за време на ифтар, Јилмаз рече дека тогаш треба да се задоволат потребите од енергија, витамини и минерали.

Наведувајќи дека јаткастите плодови се богати со минерали и витамини, проф. Јилмаз истакна:

„Од тој аспект потребно е консумирање на јаткасти плодови, лешници, ореви и ф’стаци. Кога јаткастите плодови се консумираат околу половина час по оброкот, телото може многу подобро да ги апсорбира без никакви проблеми.“

Јилмаз истакна дека овошјето треба да се консумира најмалку 2 часа по ифтар.

Проф. Јилмаз советуваше да не се консумира мрсна храна за време на Рамазан и додаде:

„Препорачуваме да се држите подалеку од прекумерно мрсна храна. Особено препорачуваме да консумирате салати направени од зелен лиснат зеленчук.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Нема да успеат израелските закани за продолжување на војната во Газа“, истакна Хамас

Следно

Изградбата на регионална депонија во Новаци повторно неизвесна

Latest from Blog

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за
Go toTop