Бојковска: Рекорден буџет за 2025-та година за подобрување на младинскиот стандард

March 7, 2025
1 min read

На вечерашното гостување на телевизија Алфа во емисијата „За или Против“ присуствуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска која зборуваше за соработката и комуникацијата на Владата и Собранието со претставниците на студентите и истакна дека буџетот за 2025 година е на највисоко ниво досега.

Бојковска исто така истакна дека зголемен е студентскиот стандард со зголемување на студентскиот оброк како и доделувањето на ваучери за електронски уред за секој студент во Македонија.

„Како никогаш досега имаме суштинска комуникација остварена со студентските претставници, буџетот за 2025 година е на рекордно највисоко ниво по однос на зголемување на средствата не само за студентски стандард и за ученички стандард и во сите оние ставки кои се однесуваат за подобрување на младинскиот животен стандард, зголемен е студентскиот стандард особено во буџетот за 2025 година ставивме и повеќе средства за субвенциониран студентски оброк морам да напоменам исто така дека најавивме и електронски уреди за сите студенти коишто ќе треба да бидат достапни за секој еден студент во Македонија“, истакна Бојковска.

Во однос на образованието, пратеничката исто така објасни дека министерката Јаневска макотрпно работи за реформи во основното, средното и високото образование кои ќе значат квалитет во образованието.

„Од аспект на образованието веќе е јасно дека конкретно и министерката Весна Јаневска навистина ревносно се обидува да направи реформи коишто ќе значат поквалитетно образование и во основното и во средното и високото образование и секако обезбедувањето на дом за младите коишто веќе како Влада веќе ја најавивме како мерка дека ќе се врати, Купи Дом за Млади во којашто државата ќе ги потпомага младите во обезбедувањето на сопствен дом“, рече Бојковска.

Според Бојковска младинската политика ги опфаќа не само образованието, туку и сите останати области од општествениот живот како здравството, културата, инфраструктурата бидејќи младите се подеднакво активни со сите останати општествени чинители.

„Не само образованието туку младинската политика претставува се она коешто се случува надвор, значи од аспект на здравство, културата, инфраструктура, се ги интересира младите бидејќи сме еднакво активни општествени чинители“, децидна е Бојковска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп најави нови санкции и царини против Русија

Следно

Форумот на жени на СДСМ утре ќе го одржи 10. традиционален осмомартовски марш

Latest from Blog

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството

Николоски: Нови авиолинии и инвестиции се можност за забрзан развој на туризмот

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски оствари средба со претставници на „Корендон“, една од најголемите туристички групации во Европа, на која било разговарано за можностите за нови инвестиции, развој
Go toTop