Кристиновска во Аргумент плус: Не смееме да си дозволиме нарушувања на односите со САД и ЕУ

March 7, 2025
1 min read

Ана Кристиновска од ЕСТИМА во Аргумент плус рече дека Македонија мора да држи баланс во односите со САД но и во односите со ЕУ. Според неа, потребна е силна и способна дипломатија за да се види каде се интересите на нашата држава.

„Нашите односи со ЕУ се толку интензиви, ЕУ е наш трговски партнер, најголем инвеститор, најголем донатор на развојна помош така што не смееме тие односи да ги гледаме само низ призмата на тоа дали имаме придвижување на преговорите, дали спорот со Бугарија ќе се реши или пак нема да се реши и ние ќе продолжиме да се чувствуваме обезправени од страна на ЕУ. Секое геополитичко движење кое што ќе ја стави ЕУ во неповолна економска позиција кое што ќе влијае негативно врз нивната економија ќе се одрази и кај нас. Не смееме да си дозволиме некое сериозно нарушување на односите со ЕУ. Како мала држава и стратешки партнер на САД  не смееме да си дозволиме ниту нарушување на односите со новата администарција и мора да балансираме. Несогласувањата меѓу САД и ЕУ не се и никогаш не можат да се во наш интерес. САД до промената на администрацијата го поддржуваше членството на Македонија во ЕУ. Во времето на првиот мандат на Трамп, САД го поддржаа преспанскиот договор“, рече Кристиновска.

Таа зборуваше и за тоа дека на Македонија и е потребна силна дипломатија која ќе ги анализира сите досегашни случувања.

„Ни треба силна и способна дипломатија која ќе е во состојба да ги анлизира сите случувања и да види каде се нашите интереси. Факт е дека во тие држави што ја подджаа резолуцијата на ЕУ има и такви кои одржуваат добри односи со САД тука се Италија, Албанија. Само што треба да имаме превид дека такви ситуации ќе има во иднина и важно е тие одлуки да се добро измерени и затоа треба да имаме добра комуникација со државите и потребно е разгледување на ваквите одлуки како ќе се одразат врз нас“, додаде Кристиновска.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема мир во Манчестер Јунајтед: Навивачите најавуваат протестен марш во недела

Следно

Трамп најави нови санкции и царини против Русија

Latest from Blog

ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД КАКО ЦРВЕНА ЛИНИЈА: Наместо тенкови, драматична историја би можела да се тркала низ Москва

Овогодинешната воена парада на Црвениот плоштад во Москва, која се одржува секоја година на 9 мај за да се одбележи падот на нацистичка Германија, ќе биде, како што веќе можете да забележите,

SIGAL Life Insurance Group – Сигурност со европски квалитет, мост меѓу локалните потреби и глобалните трендови

Интервју со Александра Шкемби Антовска, генерален директор на SIGAL Life Insurance Group, осигурителна компанија која долго и успешно опстојува на македонскиот пазар и е лидер во осигурувањето во регионот. Друштвото за осигурување „SIGAL Македонија“

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја
Go toTop