Амбасадорката на САД во посета на Уставниот суд: Поддршка за враќање на довербата во правната држава

March 7, 2025
2 mins read

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски остварил тет-а-тет средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Прајс Агелер, по што следувал и работен состанок со судиите на Уставниот суд – Осман Кадриу, Насер Ајдари, Добрила Кацарска, Татјана Васиќ Бозаџиева, Јадранка Дабовиќ, Ана Павловска-Данева.

Костадиновски ја информирал Агелер за приоритетите во неговиот мандат, како и за внатрешните и надворешните предизвици со кои се соочил Уставниот суд во неговото работење изминатиот период.

Како што информира Уставниот суд, Костадиновски  потенцирал дека има напредок во  транспарентноста и како пример посочил дека се подготвуваат за целосно снимање и пренесување во живо на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците.

-Судот во овој капацитет преку активностите кои се преземаат за поголема одлучност и бескомпромисност во постапувањето, надополнети со транспарентност и судски активизам работи засилено на враќањето на довербата во владеењето на правото и зголемување на довербата на граѓаните во Уставниот суд. Особено ќе го потенцирам напредокот во полето на транспарентноста и како пример ќе го дадам фактот дека се подготвуваме за целосно снимање и пренесување во живо на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, кој претставува исклучително сензитивен предмет и за кој ќе овозможиме на граѓаните да видат и слушнат со свои очи дека одлуките во Судот се носат објективно и без било какви влијанија, истакнал Костадиновски на работната средба што се одржала вчера во просториите на Уставниот суд.

Тој информирал дека Судот ќе остане непоколеблив и „без оглед на сите обиди за политизација и етнизација на работата и постапувањето, цврсто ќе стои зад заштитата на Уставот и слободите и правата на човекот и граѓанинот“.

-Основната надлежност на Уставниот суд е да ја штити состојбата на уставност во правниот поредок. Тоа значи дека сите акти и дејствија на сите власти да бидат усогласени со Уставот. Крајно време е сите кои и мислат добро на државата своите јавно изнесени заложби за посветеност на владеењето на правото да ги направат реални, а не лажни или декларативни, изјавил претседателот на Судот.

Амбасадорката Агелер, се наведува во соопштението, ја изразила поддршката од САД за  враќање на довербата во правната држава преку транспарентни постапки и одлучување исклучиво според Устав и законите.

-Амбасадорката Агелер ги охрабри судиите да одолеваат на било какви влијанија и притисоци во постапувањето и кога ќе влезат на седница да ги остават настрана сите останати улоги, а пред се да бидат уставни судии, соопшти Уставниот суд.

Судиите ја поздравиле долгогодишната поддршка од САД за владеење на правото. Судијата проф.д-р Павловска-Данева кажала дека е потребна поддршка од сите фактори за да се овозможи снимање на седниците на кои судиите дискутираат и ги градат случаите.

-Особено важно за нас е што јавно ја изразувате поддршката во транспарентните постапки, да ние сме свесни дека во многу земји таков начин на водење постапки со снимање во живо не е случај, но да не заборавиме основно е што таму имаат сосема поинаква уставна култура, изјавила судијата Павловска-Данева.

Долгогодишната поддршка во владеењето на правото од страна на Амбасадата на САД во земјава ја поздравил судијата Осман Кадриу.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пешевска: СДС покажаа дека личните и партиски интереси им се пред сите жени

Следно

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop