Трет ден по ред ЕУ не можат да се договорат за десетиот пакет санкции кон Русија

February 24, 2023
1 min read

Земјите на ЕУ, трет ден по ред, и денеска не успеаја да се договорат за новите санкции против Русија, откако Полска го отфрли барањето на Италија за полесни нови ограничувања за увозот на гума, наведуваат дипломати во Брисел.

Полска соопшти дека предложените ограничувања за увоз на руска гума во ЕУ вклучуваат толку голема квота за ослободување и толку долги транзициски периоди што тие во пракса нема да имаат никаков ефект.

Другите земји од ЕУ беа збунети од фактот дека Варшава, со својата позиција, ризикува да не се усвојат новите санкции на годишнината од рускиот напад врз Украина, и тоа поради само еден елемент од поширокиот пакет.

-Ова е многу лоша оптичка врска. Тоа што требаше да биде клучно овде беше пораката за солидарност со Украина на овој посебен ден, изјави дипломат вклучен во преговорите меѓу 27-те земји на ЕУ во седиштето на Унијата во Брисел.

Сите земји-членки мора да ги одобрат санкциите за тие да стапат на сила, поради што преговорите на 27-те често се долги и мачни.

ЕУ најави дека ова ќе биде десетта рунда санкции против Русија од почетокот на војната.

Меѓу другото, тие ќе санкционираат поединци кои Западот ги смета за руски пропагандисти, како и оние кои Киев ги смета за одговорни за депортацијата на украинските деца во Русија.

Новите санкции ќе исклучат уште неколку руски банки од глобалниот систем SWIFT.

-Можевме договорот да го постигнеме во вторникот. Ова е бизарно, заклучи друг европски дипломат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Дачиќ: Србија не поддржува воведување санкции против Русија

Следно

ЕУ го одобри десеттиот пакет санкции против Русија

Latest from Blog

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои
Go toTop