Кремљ го оцени писмото на Зеленски до Трамп како „позитивен чекор“

March 5, 2025
1 min read

 Русија позитивно го оценува изразеното расположение на украинскиот претседател Володимир Зеленски за преговори околу војната, но сè уште не е јасно со кого Русија би можела да разговара, соопшти Кремљ.

Зеленски го изрази својот став во писмо, кое вчера јавно го обелодени претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро, со цел постигнување траен мир. Никој не го посакува тоа повеќе од Украинците“, изјави Трамп, цитирајќи го писмото на Зеленски за време на обраќањето во Конгресот на САД.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека оваа најава е „позитивен сигнал“, но нагласи дека сè уште има правни и политички пречки.

– Прашањето е со кого би седнале на преговарачка маса. Според украинскиот закон, претседателот Зеленски сè уште нема овластување за директни разговори со Русија, додаде Песков, алудирајќи на декретот од 2022 година со кој Киев забрани можност за преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Песков, исто така, изјави дека идните разговори меѓу Москва и Вашингтон ќе вклучуваат и дискусии за иранската нуклеарна програма.

– Оваа тема беше спомената за време на минатомесечните контакти со САД, изјави портпаролот на Кремљ.

„Блумберг“ вчера објави дека Русија се согласила да посредува во комуникацијата меѓу администрацијата на Трамп и Иран, особено во однос на нуклеарната програма на Техеран и неговата поддршка за антирежимски групи во регионот.

Кремљ не ја потврди оваа информација, но укажа дека Иран е важна тема во руско-американските односи.

Нашиот став е дека иранското нуклеарно прашање мора да се реши исклучиво со мирни, дипломатски средства. Иран е наш партнер и сојузник, и Русија е подготвена да даде свој придонес за решение на ова прашање, изјави Песков.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски за интерпелациите на членови на Судскиот совет: Тие тотално го изгубија кредибилитетот пред граѓаните

Следно

Србија: Пратеничката Јасмина Обрадовиќ се’ уште е во тешка состојба

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop