Лозановска до Ковачевски: Енергетска револуција има само за вас неколку во власта кои произведувате струја, а во државата ЕЛЕМ е доведен до загубар, се краде струја од европската мрежа, се увезува струја, се увезува јаглен, мазут

February 24, 2023
1 min read

Дали Таравари влегува во оваа влада за да го поддржува криминалот и корупцијата на оваа неспособна влада. Втората дилема која што ја имам во врска со кандидатите е следна, трите предлози како што се Кренар Лога Фатмир Меџити, Азир Алију работеле во владата на ВМРО-ДПМНЕ, за која премиерот кажа дека е криминална, криминални фотелји итн., и сега мојата дилема е зошто ги внесува овие три министри во владата. Зошто, затоа што таа влада беше успешна, вие неуспешни па тие тројца сакате да ви погнат малку од малку да ви се крене авторитетот како влада, нагласи пратеничката Олга Лозановска.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека нема енергетска револуција како што вели премиерот Ковачевски, туку ЕЛЕМ е доведен до загубар, во 5 те најголеми загубари во државата, се краде струја од европската мрежа, се увезува струја, се увезува јаглен, мазут.

„Да се навратам на експозето , ќе започнам од енергетската револуција која што сте ја направиле, можеби имате енергетска еволуција вие од власта неколку луѓе кои што се занимавате со производство на електрична енергија меѓутоа Македонија односно ЕЛЕМ е доведен до загубар. Во 5 те најголеми загубари во државата. Колку што знам крадете струја од европската мрежа, увезувате струја увезувате јаглен увезувате мазут. Меѓутоа рекетот очигледно ви е поинтересен отколку да произведувате струја за таква револуција зборуваме? Тоа не знам каква енергетска револуција е“, нагласи Лозановска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија и Украина го поздравија мировниот план на Кина

Следно

Ердоган телефонски разговараше со Путин: Во Украина треба да се воспостави праведен мир

Latest from Blog

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот

„Денес, 80 лица беа ослободени во Каракас“, рече тој, откако венецуелското судство ослободи 379 политички затвореници по усвојувањето на Законот за амнестија. Амнестијата беше ветена од привремената влада по апсењето на поранешниот

Коњановски со порака за Прочка: Простувањето е пат кон љубов и мир

повод празникот Велики поклади – Прочка, Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола, упати порака за простување, љубов и духовно издигнување. Во својата порака, Коњановски нагласи дека празникот е симбол на простување и
Go toTop