Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви во нивниот дом

February 27, 2025
1 min read

Американскиот актер Оскаровецот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава се пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, според извештаите.

Во соопштението на шерифот на округот Санта Фе во Ново Мексико се вели: „Можеме да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени починати во средата попладне во нивната резиденција на Сансет Треил“.

Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, ја потврди веста за локалните медиуми во средата нешто по полноќ дека парот починал, заедно со нивното куче.

Хекман имаше 95 години, а неговата сопруга 63.

Од плицијата изјавија дека нема непосредни индикации за насилство, но, не е наведена причината за смртта, ниту пак кога двојката починала.

„Сè што можам да кажам е дека сме во средина на прелиминарна истрага за смртта, чекајќи одобрување на налог за претрес“.

Во кариерата која траеше повеќе од шест децении, тој доби две награди Оскар, две Бафта, четири Златни глобуси и награда на Здружението на актерите на екранот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што ништо не направивте за македонскиот јазик?

Следно

Пожар во куќа во Петровец

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop