„Доколку Албанија влезе во ЕУ, ќе имате пријател“ – Мејдани: Албанскиот јазик е забетониран во темелите на Македонија

February 27, 2025
1 min read

Владата на Македонија прави максимални напори да го деблокира патот кон Европската унија, но доколку Албанија стане дел од Унијата пред Македонија, треба да знаете дека Македонија ќе има пријателска земја која ќе и помогне на нејзиниот пат кон евроинтеграциите, рече во Дејли Клик на TV21 албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Мејдани.

„Доколку влеземе пред вас и доживееме економски развој, бидете сигурни дека ќе имате пријател на вашата западна граница кој ќе ви помогне повторно и без никаков сомнеж“, вели Денион Мејдани.

Што се однесува до дебатата за албанскиот јазик во Македонија, Мејдани рече дека нема ништо што го загрозува албанскиот јазик кој според него е непобитна реалност.

„Прашањето на албанскиот јазик е прашање на уставни права во оваа земја и затоа е забетонирано во темелите на оваа држава. Не грижете се, тоа е стекнато уставно право и еден од столбовите на Охридскиот договор“, вели Мејдани.

Запрашан за настаните од ноември минатата година, кога полицаец во Куманово го тргна албанското знаме од бандерата и го фрли, албанскиот амбасадор рече дека се уште се чека одлука што ќе биде со полицаецот, додавајќи дека не може да се крие зад одговорите дека полицаецот го преместувал знамето.

„Како што реков, ние чекаме и не сакаме да прејудицираме за случајот“.

-Значи очекувате да има последици за овој случај.

Мејдани: Мислам дека законите на Северна Македонија треба да се спроведуваат без двосмисленост, ригорозно и правично за секој државјанин на Северна Македонија. Ова е нашиот официјален став.

Зборувајќи за прашањето за Македонците во Албанија и обвинувањата дека Бугарија ги притиска да се изјаснат како Бугари, Мејдани рече дека се изненадени од ваквите изјави, бидејќи според него ситуацијата воопшто не е таква. Тој увери дека Албанија има најнапредни законски рамки за заштита на националните малцинства, кои, според него, се добро интегрирани во албанското општество.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кирил Џајковски со концерт на неговата филмска музика со голем оркестар

Следно

„Алфа“: Полицијата го уапси Соколот и Ѕверот од СДСМ

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop