„Алфа“: Полицијата го уапси Соколот и Ѕверот од СДСМ

February 27, 2025
1 min read

Отклучувале ќелии, ослободувале затвореници, а сега Соколот и Ѕверот можат да завршат во нив.. Ексдиректорот Филип Андов познат под прекарот Сокол и неговата десна рака заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, се главните осомничени за незаконските случувања во Истражниот затвор Скопје, анализира Алфа.

Според засега непотврдени информации, двајцата се уапсени и се наоѓаат во полициска станица, а МВР тресе повеќе локации и собира докази. Според првичните информации станува збор за организирана криминална група, составена од сегашни и поранешни затворски службеници, која делувала подолго време додека Андов беше директор на Шутка. Наводно, ослободувале затвореци кои се шетале слободно и кога сакале се враќале во затворот. Неофицијално се товарат за злоупотреба на службената положба, овозможување бегство и незаконско ослободување на затвореници.

„Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР во координација со јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје“ изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Според засега непотврдени информации, во тек е истрагата која треба да утврди дали и други лица биле инволвирани во оваа криминална мрежа, како и дали парите биле главниот мотив за нивните постапки. Истрагата, треба и да покаже како 100-тици телефони завршуваа кај затворениците, кои во изминатиот период беа запленети во повеќе акции на полицијата во ќелиите.

„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот“, се вели во соопштението на ОЈО ГОКК.

Инаку, Сокол беше именуван за директор на Истражниот затвор Скопје во 2020 година, а претходно му беше советник на тогашниот премиер Зоран Заев за креирање политики кои се од посебен интерес за граѓаните на Град Скопје.

За злоупотреби од поранешната структура, информираше директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, кој рече дека затворот во Шутка бил „хотел промаја“. Уште во јули сите докази кои ги собрале од тогашниот вонреден инспекциски надзор ги доставиле до полицијата и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тогаш Андов демантираше и најави тужба за клевета.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Доколку Албанија влезе во ЕУ, ќе имате пријател“ – Мејдани: Албанскиот јазик е забетониран во темелите на Македонија

Следно

Руската и американската делегација одржаа состанок во Истанбул за нормализација на односите

Latest from Blog

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот

Муслиу згреме: Не оди повеќе вака, репрезентацијата не е зае*анција

Еден од поискусните во македонскиот состав, дефанзивецот Висар Муслиу беше разочаран, но и лут по поразот од Шкотска. Муслиу потенцираше дека некои работи веднаш мора да бидат променети. Сите фудбалери, почнувајќи од

Мечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месец

Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека
Go toTop